Градоначалникот на Едмонтон, главниот град на канадската покраина Алберта, со проглас го потврди геноцидот во Сребреница и го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на жртвите на геноцидот, пренесе Вијести ба.
Директорот на Канадскиот институт за истражување на геноцидот, Емир Рамиќ, им се заблагодари на градоначалникот, членовите на собранието и граѓаните на Едмонтон за нивната континуирана поддршка за вистината за геноцидот во Сребреница и правдата за жртвите на геноцидот, како и за поддршката за државата Босна и Херцеговина.
Сеќавањето на геноцидот во Сребреница не е само морален императив, туку и повик за спротивставување на омразата, нетолеранцијата и неправдата.
Потрагата по правда за геноцидот во Сребреница, главно преку меѓународни механизми за правда, постигна значителен напредок благодарение на поддршката од Едмонтон, Алберта и Канада, пишува Вијести ба.