• Latest

Кандидатката за шеф на ЦИА, Џина Хаспел сакала да ја повлече кандидатурата

May 7, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кандидатката за шеф на ЦИА, Џина Хаспел сакала да ја повлече кандидатурата

May 7, 2018 09:47
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатката за директор на ЦИА, Џина Хаспел, која за таа функција ја номинираше американскиот претседател Доналд Трамп, сакала да ја повлече кандидатурата поради стравувањата за нејзината улога во програмата на агенцијата за распити, пишува „Вашингтон пост“.

Американскиот весник цитира четворица анонимни високи претставници на Администрацијата на Трамп според кои, Хаспел во петокот била повикана во Белата куќа, со цел да се разгледа нејзината улога во програмата за распити во која биле употребени техники, за кои многумина сметаат дека се мачење. Таа рекла дека ќе се повлече за да го избегне тешкото сослушување во сенатската комисија за разузнавање.

Потоа Хаспел се вратила во централата на ЦИА во Лангли, државата Вирџинија. Тогаш повеќе функционери од Белата куќа, меѓу кои и портпаролката Сара Сандерс, брзо заминале таму на неколкучасовни итни разговори со неа. Во саботата попладне Хаспел ја уверила Администрацијата на Трамп, дека нема да се повлече.

Ако Сенатот на САД го потврди изборот на Џина Хаспел, таа ќе биде првата жена, која ќе раководи со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Откако Трамп го разреши државниот секретар Рекс Тилерсон, а на негово место го именува досегашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, за негова наследничка ја предложи Хаспел, досегашната заменичка директор на Aгенцијата.

Хаспел е позната како раководител на таен затвор на ЦИА на Тајланд, во кој осомничените за тероризам наводно биле измачувани.

– Хаспел, која има големо искуство во ЦИА во странство, раководеше со таков затвор кус период во 2002 година, кога со техниката симулација на давење се измачувани Абу Зубајадах и Абд ал Рахим ал-Нашири, изјавија неименувани претставници на ЦИА.

Тие додаваат дека Хаспел, исто така, учествувала и во уништување на видео снимка од симулација на давење на затвореници. Поради уништувањето на снимката беше покрената и истрага од страна на американското Министерство за правда, што заврши без подигнување на обвинение.

ЦИА последен пат ја употреби симулацијата на давење пред повеќе од 10 години. Таквата тактика на испитување на осомничените за тероризам беше одобрена од администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш Помладиот.

Хаспел работи во ЦИА од 1985 година и раководеше со повеќе канцеларии во странство.

Американскиот сенатор Џон Мекејн изјави дека „Хаспел треба да ја објасни вмешаноста во програмата за испитување на ЦИА“ пред Сенатот да ја избера за директорка на Агенцијата.

Претставник на организацијата Американска унија за заштита на граѓанските слободи, Кристофер Андерс побара од ЦИА да објави документи за активностите на Хаспел поврзани со мачењето на затвореници, пред Сенатот да одлучува за нејзината нова функција.

– Џина Хаспел беше централна личност во еден од најнелегалните и најсрамни поглавија на модерната американска историја, посочи Андерсон.

Групите за заштита на човековите права остро реагираа и во февруари минатата година, кога Хаспел беше именувана за заменик директор на ЦИА поради нејзините активности во минатото. (MИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: директор на ЦИАДоналд ТрампмачењераспиттехникиЏина Хаспел
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ