Вчера започна со работа Канцеларијата за правна поддршка на граѓански организации која на граѓански организации кои немаат финансиска ќе им овозможи да користат професионални услуги од адвокат или правен консултант, а се соочуваат со проблем од правна природа кој го отежнува нивното работење или имаат потреба од правна помош за реализација на одредена активност важна за мисијата на организацијата.
Канцеларијата е отворена со финансиска поддршка на Европската Унија во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016 – 2017, а како дел под проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации”. Проектот ќе се спроведува до 31 јуни 2020 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и Коалицијата Сите за правично судење.
Правна поддршка на граѓанските организации ќе вклучува обезбедување на бесплатни правни информации и совети за прашања што се однесуваат на подобрување на внатрешните акти на организацијата и постапката за упис на регистрација, промена и бришење на здруженијата и фондациите, обврските на граѓанските организации како работодавци во областа на работните односи и безбедноста и здравје при работата, даночните обврски, постапка и правните аспекти на сметководството на граѓанските организации, права од интелектуална сопственост, заштита на лични податоци и слободен пристап до информации од јавен карактер итн.
Канцеларијата ќе обезбедува правна поддршка на: Здруженија и фондации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации чиј годишен буџет за претходната година не надминува 15.000.000 денари, неформални граѓански иницијативи кои се здружени заради остварување на одредена општествена промена и независни синдикати на ниво на гранка или работодавец.
Граѓанската организација која има потреба од правна поддршка од Канцеларијата пополнува on-line формулар во кое дава краток опис на прашањето за кое има потреба од правна поддршка и го доставува по електронски пат до Канцеларијата. По доставувањето на формуларот, граѓанската организација ќе биде поврзана со тимот од адвокати и правници кој ќе ја обезбедува правната поддршка.
ЦМ