Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на пописот и безбедноста за негово спроведување, рече дека тие како Комисија направиле предлог протоколи, за попишување во стан, цвртс објект, зграда, индивидуални куќи, а одлука дали ќе има попис или не, е политичка одлука и не ја носи самата Комисија.
„Комисијата за заразни болести не спроведува попис туку државните органи ќе одредат. Ние направивме протокол како што се побара, како треба да се одвива пописот“, изјави Караџовски.