• Latest

Катимерини: „Замор во спринтот за скопското прашање“

April 17, 2018

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Катимерини: „Замор во спринтот за скопското прашање“

April 17, 2018 10:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Под наслов „Замор во спринтот за скопското прашање“ грчкиот весник „Катимерини“ ги анализира последните случувања во разговорите за името меѓу Македонија и Грција. Новинарот пишува дека иако двете страни се договорени речиси за сите регионални прашања, сепак, остануваат отворени централните теми, како што е ерга омнес и уставната ревизија.

– Индикација за заморот што постои на ниво на преговори е фактот што следните средби на Коѕијас и Димитров, кои ја држат „диригентската палка“ на дипломатските преговори меѓу двете земји ќе се одржат на почетокот на мај. Додека пак трите претходни (Скопје, Виена, Охрид) се одржаа во временски период од околу 20 дена. Практично, ова значи дека е надминат почетниот временски рок, што предвидуваше завршување на разговорите на крајот на март, пишува весникот во анализата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, „Катимерини“ го споменува и основното сценарио на грчката страна, да се направи уставна ревизија за решението автоматски да донесе и признавање под новото име и во и вон нашата земја. Сепак, новинарот коментира дека намерата, особено на ЕУ за „success story“ на Балканот може да доведе до притисоци и враќање на почетното сценарио од пред околу четири месеци, тоа за Меѓународен договор што ќе носи гаранции за промени во догледно време.

Она што, според „Катимерини“, веќе ја загрижува Атина е започнување на „blame game“, односно меѓусебно префрлање на вината, доколку не успеат преговорите. Токму затоа Грција „работи на создавање на услови за продолжување на разговорите“.

Весникот го споменува и дописот од Нимиц до двајцата министри за надворешни работи испратен во периодот меѓу последните две средби, онаа во Виена и Охрид. Според информациите на „Катимерини“, се чини дека специјалниот претставник на ОН во разговорите за името оценува дека можностите за подобрување на постоечките околности се ограничени, но дека сега е моментот, двете страни да одат напред и да постигнат конечен договор.

„Дописот на господинот Нимиц не е само технички и правен текст, туку веројатно насоки кои ги вклучуваат основните параметри за можно решение. Ова толкување не и се допаѓа на Атина, главно поради тоа што не сака активна вклученост на господинот Нимиц во преговорите, освен негово посредство. Освен тоа, контактите што во минатото ги имаа господинот Коѕијас со господинот Нимиц, секогаш имаа одредена доза на тешкотија, пишува „Катимерини“.

Весникот коментира дека премиерите на двете земји се решени да одат напред за да се реши спорот, а меѓу Заев и Ципрас постои „директен канал на комуникација, иако до сега бил активиран само неколку пати“.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: иметоКатимерини
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ