• Latest
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Ќе има одговорност за секоја евентуална злоупотреба или криминал во секторот, порача новиот министер за економија Бесар Дурмиши

July 4, 2024
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC news Australia

Десетици баратели на помош меѓу 82-те лица убиени во израелските напади врз Газа вчера; На децата им се заканува смрт од жед

June 21, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин вели „Украина е наша“, од Кијив одговорија дека тоа е само доказ на рускиот презир кон мировните напори

June 21, 2025
Ирански ракетен напад на Тел Авив. Фото: Скриншот, Ал Џезира

Иран и Израел разменија нови напади откако Техеран ги отфрли нуклеарните преговори

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе има одговорност за секоја евентуална злоупотреба или криминал во секторот, порача новиот министер за економија Бесар Дурмиши

July 4, 2024 15:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Бесар Дурмиши, министер за економија фото/ Фб профил

Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за економија немало ревизија цели 9 години и тоа мора итно да се направи, но не се работи за недоверба во работата на претходниот министер Крешник Бектеши. Ќе има одговорност за секоја евентуална злоупотреба или криминал во секторот, рече Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, пренесе Слободен печат.

Новиот министер за економија и труд Бесар Дурмиши најавува ревизија во секторот што го раководи за да се видело како се работело низ годините во еден од најклучните економски ресори. Ова, според Дурмиши, не значи дека тој се сомнева во работењето на неговиот претходник Крешник Бектеши, туку дека таква проверка на институцијата немало од 2015 година.

– Во Министерството за економија немало ревизија цели 9 години и тоа мора итно да се направи, така што не се работи за недоверба во работата на мојот претходник. Ќе има одговорност за секоја евентуална злоупотреба или криминал во секторот – истакна Дурмиши.

Министерот за економија и труд им најави на новинарите дека на првата средба на Економско-социјалниот совет ќе се разговара за барањето на ССМ за зголемување на минималната плата на 450 евра, што Синдикатот го лоцира уште во првите 100 дена од новата влада. Според него, ќе се работи на подобрување на бизнис-климата и на заштитата на правата на работниците. Прашан како во иднина ќе се справуваме со инфлацијата и цените, Дурмиши најави итна средба и со коморите и производителите на храната, на која ќе се разгледа списокот од над 2.600 производи што треба да добијат ограничени маржи. Овој список ќе служи како Правилник, а производите ќе имаат ограничена маржа до 10 отсто. Списокот го разгледуваа и од Стопанската комора и Организацијата на потрошувачи.

– Дали ќе има зголемување на минималната плата ќе се дискутира на првата седница на Советот и ќе ги разгледаме сите опции што се во интерес на работниците, но и на работодавачите, а ќе ги разгледаме и сугестиите од коморите и производителите на храна – додаде Дурмиши и вети дека неуморно ќе се посвети за остварување на целите во насока на подобрување на економијата на државата.

Во таа насока ќе се ревидира и државната помош, што ќе значи поголема сума за домашните извозни компании.

– Ќе бидеме силен глас на бизнисот во Владата, бидејќи 13 отсто од БДП се прави во индустријата, а 99 отсто од претпријатијата се мали и средни – потсети Дурмиши.

Министерот порача дека Владата и МЕТ ќе ги поддржат сите иницијативи што доаѓаат од стопанските комори, иницијативи што ќе значат подобрување на економскиот амбиент во државата, како и подобрување на животните услови на сите граѓани во Македонија, односно додадена вредност во квалитетот на нивниот живот.

Дурмиши потенцираше дека соработката на Министерството за економија и труд со претставници на коморите во иднина ќе се одвива во сите фази на изготвување на закони, програми, стратешки документи и слично. Оваа соработка, како што посочуваат, вклучува земање предвид и вградување нивни сугестии, предлози и укажувања во сите документи и законски акти што се изработуваат. Годинава ќе се работи на новите закони за работни односи и за безбедност при работа, додаде Дурмиши.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ