• Latest

Ќе се унапредува соработката меѓу армиите на Северна Македонија и Хрватска

August 29, 2019

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе се унапредува соработката меѓу армиите на Северна Македонија и Хрватска

August 29, 2019 13:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можности за унапредување и проширување на билатералната соработка меѓу нашата и хрватската Армија, процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Северна Македонија, нејзиниот придонес од учеството во операциите во странство, нејзините ангажмани во поддршка на МВР при справување со мигрантската криза, користење на капацитетите на Армискиот полигон Криволак за вежбовни активности, се дел од темите за кои се зборуваше на денешната средба на високата Воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од началникот на Генералштабот на ВС на Република Хрватска, генерал Мирко Шундов и началникот на генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

На средбата, соопштија од Министерството за одбрана, била потенцирана извонредната соработка меѓу двете земји, особено во областа на одбраната, а генералот Шундов упатил честитики за успешно изодениот пат на нашата земја кон членството во НАТО, нудејќи ги искуствата на хрватската Армија на секој понатамошен чекор.

Хрватскиот генерал изразил благодарност за учеството на Армијата на меѓународната воена вежба „Итен одговор“ во Хрватска и упатил пофални зборови за квалитетната селекција на наши кадри, кои се упатуваат на школување во воено образовните центри во Хрватска.

Шекеринска се заблагодари за брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО и ја оцени како одлична соработката меѓу армиите, во доменот на образованието и заедничкото учество во воени вежби. Генералот Ѓурчиновски изрази благодарност за досегашната поддршка од Вооружените сили на Република Хрватска, која е континуирана и особено значајна како во изминатиот период, така и во периодот кој следува во процесот на нашето интегрирање во НАТО алијансата, информираа од Министерството за одбрана.

Во рамки на посетата посетата делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, ќе биде примена и од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска го посети и полкот за специјални операции, во касарната „Илинден“, каде се одржа брифинг за единицата, методско показна вежба и презентација на дел од средствата со кои единицата располага, а во текот на утрешниот ден ќе оствари посета и на Центарот за обука на пилоти во Петровец, наведоа од Министерството за одбрана.


Извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ