• Latest

Коалициските партнери од „Можеме“ го поддржаа договорот на СДСМ и ДУИ

August 19, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коалициските партнери од „Можеме“ го поддржаа договорот на СДСМ и ДУИ

August 19, 2020 20:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ и генералниот секретар Љупчо Николовски се сретнаа со претседателите и претставниците на партиите во Коалицијата „Можеме“.

„Од страна на коалициските партнери беше дадена целосна поддршка за Договорот за коалицирање со партијата ДУИ, како и вредностите и принципите кои произлегуваат од него, во насока на брза трансформација на државата. Квалитетни, чесни, и одговорни кадри ќе бидат предложени од сите политички субјекти во коалицијата Можеме, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи на новата Влада“, известуваат од СДСМ.
Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска по состанокот со Централниот совет на партијата, на прес конференција ги објави имињата на министрите од ДУИ во новата влада.

-15 мандати што ДУИ ги доби на предвремените парламентарни избори, со право ја прават Демократската Унија за Интеграција победничка. Граѓаните повторно решија да ја  делегираат својата политичка волја да ги претставуваме во следните четири години. И со ова гласачите не ни ја дадоа само нивната доверба, туку задачата и одгворноста за достоинствено застапување, изјави Ахмети на почетокот од конференцијата.

Движењето БЕСА пак, ќе раководи со ресорот земјоделство, но кој ќе биде министер ќе се знае по вечерашниот состанок на Централниот совет на партијата.

Ова го соопшти претседателот на БЕСА, Билал Касами по состанокот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со првите луѓе на останатите партии од коалицијата „Можеме“, што се одржа попладнево во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз.

Како што изјави Касами, БЕСА ќе биде дел и од другите ешалони на власта и ќе добие заменици министри и директори на институции.

Вчера од СДСМ известија дека Коалицијата „Можеме“ и ДУИ постигнале коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство.

„СДСМ и Коалицијата “Можеме” и Демократската унија за интеграција, постигнаа коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на нова Влада со полн мандат, водена од претседателот Заев, која во следните четири години ќе работи посветено во интерес на граѓаните и државата“, соопштија од СДСМ.

А. П. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ