• Latest

Кој, како и кога ќе се најде на регистарот на онлајн медиуми?

November 15, 2019
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Ердоган: Израел го загрозува своето постоење со секоја крв што ја пролева и со секое злосторство против човештвото што го извршува

June 17, 2025
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025
Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Студентите во блокадата поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените од Кочани

June 17, 2025

ДУИ: Од регионална ѕвезда до фактор на изолација – 7 години од Преспанскиот договор

June 17, 2025
Фото: МВР

РЕАКЦИИ: Огромно НЕ на министерот Тошковски, граѓаните веруват дека стапката на криминал не е намалена, напротив, таа е зголемена

June 17, 2025
Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Преспанскиот договор, седум години подоцна: Од дипломатски триумф до ризик од враќање наназад

June 17, 2025

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

June 17, 2025
прашање на денот преспа

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: 7 години Преспански – кои се придобивките?

June 17, 2025
Ерол Ризаов

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за автобускиот „превоз“ на национализмот, судскиот триумф на Мицкоски и Тошковски против Дерала, како профитираат политичарите од Газа и други прашања

June 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кој, како и кога ќе се најде на регистарот на онлајн медиуми?

Прашањето кое се наметнува е дали во регистарот може да се протнат интернет медиуми кои во минатото ширеле пропаганда, објавувале хушкачки текстови, лажни вести и важеле за непрофесионални? Сѐ што треба да се знае за овој процес на едно место.

November 15, 2019 10:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 55 информативни интернет медиуми веќе добиле „зелено светло“ да бидат дел од регистарот кои го подготвуваат Советот за етика во медиумите во партнерство со Здружението на новинари. Оваа бројка не е конечна, пријави сè уште пристигнуваат, а во меѓувреме се допрецизираат и дополнителните критериуми за влез во регистарот.

Основните услови кои треба да се исполнат се објавување на сопствеништво на медиумот, импресум на уредници и новинари, почитување на Кодексот на новинарите.

Регистарот ќе биде готов до крајот на ноември. Неговото објавување доцни бидејќи новинарските организации сакаат да им дадат простор на медиумите кои имаат одредени пропусти, како на пример, непотпишувањето на авторите на дел од текстовите.

Прашањето кое се наметнува е дали во регистарот може да се протнат интернет медиуми кои во минатото ширеле пропаганда, објавувале хушкачки текстови, лажни вести и важеле за непрофесионални?

Претседателката на Управниот одбор на Советот на етика во медиумите, Катерина Синадиновска, објаснува дека одлуките на организацијата, по жалбите од граѓаните, ќе имаат клучна улога во одредувањето кој ќе биде дел од листата на професионални медиуми.

„Имаме такви апликации од медиуми кои сакаат да бидат членки интернет портали, но за кои Советот за етика има негативно искуство во работата со нив и веќе биле најголеми прекршители на новинарските стандарди. Наша одлука во првата фаза тие да не бидат дел од регистарот бидејќи ќе го нарушат кредибилитетот на целиот процес. Не сакаме да ги исклучиме, меѓутоа сакаме да ги натераме да се подобрат. Она што го даваме е грејс период, најверојатно 3 месеци, доколку ги почитуваат стандардите и доколку против нив нема ниту една претставка која е валидна, ние на следен состанок на Управниот одбор за 3 месеци ќе ги разгледаме апликациите. Ако два пати во текот на 6 месеци не ги почитуваат стандардите и има претставка против, нив имаме легитимно право да ги исклучиме, со забрана во следните 6 месеци повторно да конкурираат“ вели Синадоновска.

Токму овој начин ќе ги издвои професионалните од „фејкњуз“ порталите смета извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

„Колкав ќе биде конечниот број – не знам, но интересот е прилично голем. Еден од најбитните критериуми, секако е почитување на етичкиот Кодекс на новинари. Ако некој медиум во минатото бил  препознатлив како пропагандистички, јас сум убеден дека одлуките на комисиите при Советот за етика ќе бидат земени во предвид. Не е целта да се исполнат само критериуми, туку и истиот тој медиум ќе биде набљудуван од публиката, која во секој момент може да поднесе претставка“, дециден е Секуловски.

Според анализите на Советот за етика, речиси 60 насто од сите добиени претставки, се однесуваат на текстови објавени на интернет порталите, кои во Северна Македонија се второ место на најчесто информирање на публиката исо тенденција во скора иднина да го заземат пиедесталот.

Ваквата иницијатива за создавање регистар ја поздравува и експертката по медиумско право Снежана Трпевска, иако изразува резерви дека регистарот може да ги реши сите проблеми.

„Ова мислам дека ќе помогне најмногу на публиката да ги распознае медиумите и кои од нив имаат намера да ги почитуваат стандардите, пласирајќи кредибилни информации.  На тој начин ќе се зголеми и свеста на бизнис заедницата кои се тие медиуми кои известуваат етички и професионално“, објаснува Трпевска.

WIN-WIN СИТУАЦИЈА И ЗА ЕСНАФОТ И ЗА БИЗНИСОТ

„Компаниите ќе ја градат довербата во јавноста преку професионални медиуми, а новинарскиот еснаф ќе се дистанцира од непрофесионалците. Тоа е обостран интерес“, вели Синадоновска.

И Синадиновска и Секуловски ги пренесуваат ставовите на бизнисмените, кои се жалат дека одредени онлајн медиуми изнудуваат пари и рекетираат.

„Дел од нив  ни кажаа дека имаат проблем со одредени медиуми кои сакаат да изнудат средства од нив. Овој регистар ќе помогне и на јавноста и на бизнис заедницата да донесе одлука кон кој медиум да лицира средства за реклами и соработка. Со Меморандумот кој го потпишавме со Комората, ќе се даде препорака да не соработува со оние медиуми кои не се дел од овој регистар“, вели Секуловски.

„Во Битола на гости беа најголеми компании од Пелагонискиот регион, Витаминка, Би Милк, Тутунски комбинат, кои се нетрпеливи и дадоа огромна поддршка на процесот бидејќи се соочуваат со портали кои никнуваат преку ноќ. Локални портали со ситуации има кога портпарол на општина си има свој портал политички инструирани луѓе, бизнис моќници, си користат интернет простор отвораат портали се закануваат на компаниите, ги рекетираат, бараат изнуди“ објаснува Синадиновска.

ДА ПОМОГНАТ И АГРЕГАТОРИТЕ НА ВЕСТИ!

Во заокружувањето на овој процес, ќе се бара партнерство за соработка и со агрегаторите на вести. Бидејќи дел од нашите соговорници признаваат дека борбата против непрофесионалноста во фелата ќе биде залудна, ако вестите кои тие ги продуцираат ќе се појавуваат први.

Петар Клинчарски
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    503 shares
    Share 201 Tweet 126
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    224 shares
    Share 90 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ