• Latest

Колку директори смени Арсовска? Саид не е повеќе директор на „Улици и патишта“

June 30, 2023

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Колку директори смени Арсовска? Саид не е повеќе директор на „Улици и патишта“

June 30, 2023 15:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Разрешен е в.д директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, Саид Саид, а на негово место сега за нов в.д директор е назначен Ќамил Ковачи. Оваа информација попладнево ја соопшти Град Скопје.

На директорското место во „Улици и патишта“ Саид дојде во септември минатата година, а претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.

Ќамил Ковачи
Новиот в.д. директор Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на Општина Сарај. Тој претходно раководел со други институции – Јавното комунално претпријатие „Сарај“ и Психијатриската болница Скопје.

Градоначалничката Данела Арсовска во април им ги продолжи договорите на досегашните директори на „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ Реџепи Зухејр и Саид Саид кои се кадри на ДУИ, на кои по 6 месеци в.д. им додели менаџерски договори со мандат од 4 години.

Исто така во април првиот човек на ЈП „Градски паркинг“ Крсте Петревски беше именуван за нов директор на ЈСП „Скопје“ кој е кадар на ГРОМ, на местото на  Александар Стојковски.

Во скопските јавни претпријатија е најчесто именувањето и смената на в.д. директорите. За помалку од две години, ЈСП – Скопје го доби третиот директор, а претходно покрај Стојковски, од оваа позиција беше сменет и директорот Иван Илиевски, додека „Градски паркинг“ го доби четвртиот директор . ЈП „Градски паркинг“, пак, откога дојде градоначалничката Данела Арсовска на функцијата, досега промени тројца директори: Филип Пасху, Бојан Христовски и Крсте Петревски.

Инаку, веднаш по доаѓањето на власт, Арсовска ги разреши и директорите на јавните претпријатија поставени од претходниот градоначалник, Петре Шилегов. Во декември 2021 година, беше разрешен Кристијан Чушков од директорката позиција во ЈСП – Скопје, кога беше назначен Иван Илиевски на негово место. По доаѓањето на власт на Арсовска, беше разрешен и директорот Борче Јакимовски од ЈП „Градски паркинг“. Сите посочени беа в.д. директори.

Во јануари в.д. директорот на Зоолошката градина, Драган Илиевски, Арсовска го назначи на челната позиција на скопски „Водовод“, на местото на Марјанчо Митовски.

Митовски од „Водовод“, пак, на директорската позиција на претпријатието беше пет месеци, по назначувањето во септември лани. Тој дојде на местото на Златко Перински кој Арсовска го разреши од функцијата по кавгата за милионскиот тендер за пречистителната станица.

Илиевски беше назначен за директор на Зоолошката градина во август минатата година, по разрешувањето на дотогашниот директор Кристијан Стаменов откако во Зоолошката беа убиени десет коњи чие месо било искористено како храна за лавовите.

За нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените. Попов е економист со 20-годишно работно искуство“.

Во јануари беше разрешен и директорот на Младинскиот културен центар (МКЦ), Ванчо Богоев, за што во јуни Управниот суд одлучи дека е незаконско решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ.

40 проценти од директорите во државата се вршители на должност

Според извештајот од следењето на управувачките структури во институциите од јавниот сектор на Центарот за управување со промени (ЦУП), во државата има вкупно 274 директори и нивни заменици, а 105 од нив се именувани како в.д., што значи дека 40 проценти од јавните претпријатија се раководени од вршители на должност.

Директорката на ЦУП по објавата на извештајот, Неда Малеска- Сачмаровска, вели дека ваквата состојба најмногу е последица од политичките пазарења. Според неа, вршителите на должност се назначени, бидејќи дел од нив не ги имаат потребните компетенции за да аплицираат на јавните повици, главно, поради непознавање странски јазици.

Во Извештајот од следењето на управувачките структури во институциите од јавниот сектор, на ЦУП стои дека седуммина директори, на пример, се именувани без да ги исполнат основните законски услови, односно немаат ниту високо образование. Шестмина директори се со средно образование, а еден со вишо.

„Не успеваме да воспоставиме „мерит“ систем во тој дел. Законот за висока раководна служба долго време е во кулоарите на институциите. Објавен е на ЕНЕР но не е во никаква процедура, а тие политички пазарења влијаат бидејќи во принцип понатаму нема начин како да се проверат компетенциите и квалификациите кога вие веќе ќе ги распределите позициите по основ на некаков коалиционен договор“, вели Малеска Сачмароска.

Понатаму, во извештајот се вели дека никој не врши евалуација и оценка на работата на директорите, ниту пак има постапка за управување со ефектот од нивната работа. Законите пак, дозволуваат секој профил на кадар да може да биде именуван за директор, без оглед на видот на образованието.

Фото: Влада на РСМ
Извештајот од истражувањето на центарот исто така покажува дека 423 институции во земјава имаат надзорни и управни одбори. Секоја година членовите на овие одбори чинат најмалку 2 милиони евра. Во исплаќањето на нивните паушали се бележи пад од периодот помеѓу 2015 и 2017 година, кога им биле исплатени 2,5 милиони евра. Но, според извештајот, тоа не се должи на намалувањето на паушалите, туку едноставно, надзорните и управните одбори имале помалку седници поради пандемијата од Ковид-19.

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, вели дека има сериозен проблем со поставување в.д. директори во институциите, што, според неа, упатува на злоупотреби.

Што значи в.д. директор?

Вршител на должност (в.д.) директор е најекспонираната управувачка структура во Македонија. Тоа е преодно решение до изборот, односно до именувањето директор, и тоа најмногу до шест месеци. Законите дозволуваат секој профил на кадар да може да биде именуван за в.д. директор, без оглед на видот на образованието, а по смената, никој не врши евалуација и оцена на нивната работа, ниту, пак, има постапка за управување со ефектот од нивната работа. Во скопските јавни претпријатија е најчесто именувањето и смената на в.д. директорите. За помалку од две години, ЈСП – Скопје го доби третиот директор, додека „Градски паркинг“ го доби четвртиот директор, кого го назначи скопската градоначалничка Данела Арсовска. Веднаш по доаѓањето на власт, Арсовска ги разреши и директорите на јавните претпријатија поставени од претходниот градоначалник, Петре Шилегов.

Вршител на должност (в.д.) директор е најекспонираната управувачка структура во Македонија. Тоа е преодно решение до изборот, односно до именувањето директор, и тоа најмногу до шест месеци.

Законите дозволуваат секој профил на кадар да може да биде именуван за в.д. директор, без оглед на видот на образованието, а по смената, никој не врши евалуација и оценка на нивната работа, ниту, пак, има постапка за управување со ефектот од нивната работа.

Соња Танеска / извор: Градска.мк

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ