Руската армија ја разгледува можноста да се откаже од употребата на мобилни телефони со навигација и камери, објави московскиот весник „Комерсант“.
Весникот, повикувајќи се на извори во Генералштабот на руските Вооружени сили, објави дека Министерството за одбрана планира да го ограничи користењето на современи мобилни уреди за комуникација меѓу припадниците на органите за управа и во војската.
Наместо смартфони, на секој војник ќе му се препорача да користи наједноставен апарат беа камера и без можност за геолокација, од кои ќе можат да испраќаат пораки и кој има вградена светилка.
Новите мерки, насочени против истекувањето информации, може да стапат во сила уште на 1 март, наведува весникот.
Ова прашање било анализирано заедно со руските служби за обезбедување државна тајна. Ресорниот началник на управата на Генералштабот дозволил војниците да користат само 11 едноставни модели на телефони од производителите „Нокиа“, „Тексет“, „Алкател“ и „Самсунг“.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини