• Latest

Контраспин: Ако нема консензус, не значи дека СДСМ и ДУИ ќе го фалсификуваат пописот

January 18, 2021

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Контраспин: Ако нема консензус, не значи дека СДСМ и ДУИ ќе го фалсификуваат пописот

January 18, 2021 13:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Консензусот за законот за статистичка операција како попис е добра работа. Но, немањето консензус не значи дека предложениот закон не ги гарантира потребните елементи тој попис да се спроведе според бараните стандарди, ниту, пак, дека станува збор за однапред договорен фалсификат меѓу владејачките партии, пишува Вистиномер во последниот контраспин кој го пренесуваме во целост:

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописот истакнува повеќе аргументи зошто таа партија бараше повлекување на предлог-законот од Собранието, при што во тие аргументи може да се препознаат спинови:

Спин: СДСМ има коалициски договор со ДУИ за фалсификат попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе собира граѓански потписи за негово поништување.
СДСМ и понатаму продолжува да го турка пописот на сила и со тоа да спроведе фалсификат попис.
Нема попис во кој може да се има доверба кога власта ги одби сите забелешки од опозицијата. Со ова однесување се покажа само колку насилнички се користи власта. Попишување без никакви докази со диктирање на матични броеви и врзани потписи го нема никаде во светот, тоа може само да им одговара на коалициските апетити на расипничката власт и ништо друго.
Додека СДСМ и Заев тераат попис по секоја цена, голем број на држави од Европа го одложуваат пописот поради пандемијата се со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Но, со ова СДСМ и Заев уште еднаш докажаа дека не им е битно здравјето на граѓаните…

Контраспин: Се разбира дека самиот факт што мнозинството од власта одбило 40-тина амандмани на текстот за законот за попис на населението, е причина од ВМРО-ДПМНЕ, која ги поднела амандманите, да изразат незадоволство, да протестираат и да бараат предлог-законот да не се процесуира. Но, сепак, тоа не значи дека во аргументите со кои комуницираат со јавноста треба да вградуваат спинови.

Во соопштение/изјава, во која се бара вакво повлекување, можат да се детектираат неколку спина за позначајните прашања.

Првиот спин или извртена вистина е дека „СДСМ има коалициски договор со ДУИ за фалсификат попис“ и дека „СДСМ и понатаму продолжува да го турка пописот на сила и со тоа да спроведе фалсификат попис“. Тоа што владејачкото мнозинство не прифатило ниту еден амандман на опозициската партија воопшто не е никаков доказ дека станува збор за договор за фалсификат или дека пописот ќе биде фалсифициран. Со кој аргумент ѝ се нуди на јавноста таквото скандалозно обвинување навистина не е јасно и може да се оцени дека станува збор за спин, т.е. извртување на вистината.

Еден од поглавните аргументи, што се наведуваат во соопштението, е дека „попишување без никакви докази со диктирање на матични броеви и врзани потписи го нема никаде во светот“.

Но сепак, вистината не е целосна, т.е. е извртена. Во предлог-законот (кој во меѓувреме може да биде веќе усвоен), никаде не се наведува дека државјаните на РСМ ќе се попишуваат и ако не бидат во земјава, со тоа што лицето кое е најблиску поврзано со нив, односно најмногу знае за нив ќе го диктира само матичниот број на отсутните државјани! Имено, таква одредба постои во член 8 став 1, но притоа во тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ се заборава член 10, став 1

Еве што вели член 8 став 1:

(1) За лицата – државјани на Република Северна Македонија, кои се на привремена работа или престој во странство податоците од член 10 од овој закон ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати, при што го дава својот ЕМБГ и ЕМБГ на лицето за кое дава податоци во пописот.

А еве што вели член 10, став 1, што ВМРО-ДПМНЕ не го споменува:

За лицата од член 6 точка 1 од овој закон, што ќе бидат опфатени со Пописот ќе се обезбедат податоци за: географски карактеристики, демографски карактеристики, економски карактеристики, образовни карактеристики, миграциски карактеристики, етнички карактеристики, културолошки карактеристики, религиозни карактеристики и инвалидитет/функционална попреченост.

Ова се, всушност, сите основи по кои ќе се пополнува прашалникот, што попишуваното лице треба да го пополни, а тој, како што вели директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, се состои од 50-60 прашања. Симовски тврди дека оној што за друг ги дава податоците, ќе мора да одговори на сите прашања од прашалникот, бидејќи нецелосен прашалник не може да влезе во системот за некое лице да се смета за попишано.

Се наметнува прашањето, дали е можно друго лице што ги дава податоците за отсутното лице да направи ненамерна или намерна грешка и тоа да биде основа за тврдењето дека пописот ќе бил фалсификуван?

Според Симовски, контролата на дадените податоци е таква што намерна или ненамерна грешка веднаш би требало да биде откриена. Еве што кажа точно во интервјуто за Сител од 13 јануари 2021 година:

Сите тие прашања треба да бидат одговорени. Вие не можете да дадете само име презиме, матичен број и еве етничка припадност… Со внесувањето на матичниот број, бидејќи користиме комбиниран систем на проверка – веќе во друга база ги имаме сите матични броеви – (ако во прашалникот го нема точниот матичен број-н.з.) од таму нема повлечеме ништо…Тоа е сигнал дека ова лице треба да се провери. Проверуваме во сите бази, дали е во Агенцијата за вработување, дали е во процес на образование, во базата на МОН, дали ова лице е примател на некаква социјална помош од базата на податоци во МТСП, дали е пензионор, во базата на ФПИОМ. Ако го нема никаде, ова е сега фаза на проверка, проверуваме во Фондот за здравство, дали ова лице е здравствено осигурано или не. (види од 16.20 минута во видеото)

Според Симовски, во преодните и завршните одредби на законот постојат членови кои одредуваат прекршочна и/или кривична одговорност за лажно давање податоци, а таквите пријави е лесно да бидат покренати, бидејќи во Заводот за статистика ги имаат матичните броеви и на лицата што за други лица ќе даваат податоци.

Според тоа, аргументите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се дава само матичен број и име и презиме за лице што е отсутно, се извртена вистина, т.е. спин.

Конечно, спин е и тврдењето дека неколку или повеќе земји во Европа и во регионот ги одложиле пописите за следната година поради пандемијата со ковид-19, па затоа треба и РСМ да го стори истото. Самиот податок е точен, но не може да се генерализира.

Прво, споменатите земји ги имаат направено пописите од пред 10 години, па може да си го дозволат тој „луксуз“ да го наречеме, да прескокнат една година од редовниот попис од 2021, за разлика од РСМ каде последниот попис бил во 2002 година.

Второ, состојбата од земја до земја е различна. Во моментов, на пример, состојбата со корона вирусот во Франција е многу полоша од Северна Македонија во однос на бројките и можеби нивната проценка за огромната статистичка операција што треба да ја спроведат, исто така во април, е поризична од кај нас.

И трето, спроведените парламентарни избори во јули минатата година и резултатите од новозаразени од корона вирусот потоа, како и спроведените локални избори во Штип во декември 2020 и бројката на новозаразените случаи потоа, не укажуваат на директна поврзаност на процесите доколку се почитуваат протоколите.

Заклучокот од аргументите што се презентирани погоре би бил дека тврдењето оти СДСМ и ДУИ имаат договор за фалсификуван попис, врз основа на она што е истакнато во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е спин.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ