• Latest

Контраспин: Со измислиците за „фашистички мерки“ во владината кампања ВМРО-ДПМНЕ шири антиваксерство

August 26, 2021

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Со измислиците за „фашистички мерки“ во владината кампања ВМРО-ДПМНЕ шири антиваксерство

August 26, 2021 09:44
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Задоцнетиот почеток на масовната вакцинација, „фашистичките (рестриктивни) мерки“ и цената на кампањата, се три столба врз кои главната опозициска партија комуницира со јавноста дека кампањата е непотребна, што е класично извртување на вистината или спин, што пак, може да се толкува и како антиваксерски став или принцип, се одбележува во најновиот „Контраспин“ на „Вистиномер’.

Во изминатите два дена имаме дури три соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ (две соопштенија и една реакција) поврзани со почетокот на кампањата за вакцинирање од страна на Владата, при што во сите се забележуваат спинови:

Спин: 300 илјади евра чини кампањата на Заев и Филипче против корона. Наместо лек против корона, народот доби реклами.

Зоран Заев и Венко Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци, доцнеа и со вакцини, а досега воведоа само фашистички мерки…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ-Соопштение, датум:24.08.2021]

Спин: По повеќе од девет месеци или кон крај на минатата година кога во сите земји стартуваше вакцинацијата против корона, во Македонија ништо не беше на повидок ниту вакцини, ниту пак како да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат.

Сега, повеќе од десет месеци по тоа, Зоран Заев и Венко Филипче решија да организираат кампања за да ги поттикнеле граѓаните на вакцинација.

Во меѓувреме, ги поделија на граѓаните, воведоа фашизоидни мерки и сега ќе терале кампања. Филипче и Заев ако сакаат да ги мотивираат граѓаните има милион начини како да го сторат…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ-Соопштение, датум: 23.08.2021]

Контраспин: Уште не беа се „оладиле“ техничките уреди од он-лајн прес конеренцијата на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, на која што беше презентирана кампањата за масовна вакцинација против корона вирусот, главната опозициска партија излезе со ставови во кои се забележуваат спинови. Ден подоцна (24.08), лиферувани се уште две соопштенија, едното е превртена пирамида на она од претходниот ден, а второто, пак, реакција на прес одржан од СДСМ, но и во овие две, исто така, има спинувани информации.

Вакцинацијата доцнеше, ама за кампањи никогаш не е доцна

Главниот спин во сите три се сведува на ставот што го комуницира со јавноста оваа главна опозициска партија: кампањата е задоцнета, а ако сакале (Заев и Филипче) да ги поттикнат граѓаните имало милион начини! (само што од тие милион начини не е соопштен ниту еден – н.з.)

Спинот во оваа главна порака е дека сè што правеле политичките и здравствените власти во државата досега во однос на справувањето со пандемијата и во однос на вакцинацијата е задоцнето. Заклучокот кај јавноста би бил, чуму и сега кампања ако е задоцнета?

Се разбира дека е ова е извртување на вистината, кое се базира на основниот факт, дека масовната вакцинација кај нас започна некаде на почетокот на април, за што власта си понесе еден тон оправдани критики во јавноста, што од медиумите, што од граѓаните, дополнети и засилени од троловите по социјалните мрежи.

Но, откако почна масовната имунизација, кампањи имаше (со помош на ЕУ и домашни субјекти, како и со помош на УНИЦЕФ) и процесот со слабости и грешки од поситен организациски карактер (гужви на вакцинални пунктови поради затворањето на салата „Борис Трајковски“ на пример, грешка што сега се исправа), како и суштински проблем (најбројни се вакцините што побавно го создаваат имунитетот кај повозрасните лица, а тоа не се појаснува кај граѓаните), тече континуирано и ако продолжи со вакво темпо (над 12-13 илјади секој ден), ќе се достигне бројка што можеби нема да значи колективен имунитет, но значително ќе го стесни бројот на тешки компликации и смртни последици, што, пак, значи и одржлив притисок врз капацитетите на здравствениот систем.

Оттука, овој аргумент и логицирање на главната опозициска партија – демек „задоцнета ви е кампањава“, што упатува на комуникациска порака – нема потреба од кампања – е сосема погрешен, извртена вистина, т.е. спин.

„Фашистички мерки“ е небулоза и спин

Потполно истиот спин се детектира со „фашистичките мерки“, на забрани за користење угостителски објекти, молови и слично на невакцинираните или прележаните по 45 дена од прележувањето (Филипче признава на пресот – 40 мин. – дека за овој вториот, „медицинската логика“ е да се натераат и прележаните да се вакцинираат што побрзо).

Главниот аргумент е сосема јасен и тоа го прават и многу други демократски земји. Антиваксерите имаат право на избор (и на протести, што вели Заев), но и државата има право на заштита на јавното здравје генерално, гледано на целата популација.

Ако е факт дека вакцинираните со стекнат клеточен имунитет (и прележаните и вакцинирани), што заштитува во многу висок процент од тешка форма на болеста и смрт, имаат сè уште одреден процент на заштита и од инфекција, секоја држава мора да се грижи за колективното здравје и согласно потребите да воведува одредени рестриктивни мерки во смисла да го ограничи ширењето на заразата и да поттикнува вакцинација.

Впрочем, освен што тоа го прават и земји како што се Германија, Австрија, Швајцарија, Франција, САД.., веќе има претпоставки дека откако се воведени мерките на ограничување на користењето на угостителски објекти и моловите од 16 август кај нас, се намалува репродукцискиот број како параметар за епидемиолошката состојба во државата.

Според тоа, наместо инсистирање на небулозата „фашистички“, многу поефикасна и понеспинерска комуникациска порака на ВМРО-ДПМНЕ ќе беше ако инсистираше на прифаќање на одговорност за тоа, зошто мерките следат откако беше дозволена употреба на затворените угостителски простори за свадби (на домашни граѓани и на иселениците). Првиот човек на Комисијата што го советува Филипче, д-р Караџовски веќе призна во јавноста дека не биле послушани од власта, а „вирусот беше пречекан со сите почести“, што вели доктор Никола Пановски и тоа е факт од кој нема бегање, а Владата треба да си ја прифати одговорноста. И тука нема спин, но употребата на синтагмата „фашистички мерки“ е дефокус и спин.

Цената не смее да се употребува за спин

Конечно, употребата на сумите пари колку ќе чини кампањата, во извесна мерка е, исто така, извртување на вистината или спин, кога тој факт се користи како аргумент дека кампањи што толку чинат не ни требаат („Оваа нивна кампања чини 300 илјади евра, демек кампања на Заев и Филипче против корона. Тие наместо лек против корона, на народот му нудат реклами“). Ова прашање е најлесно решливо и треба да се анализира на што ќе се исплатат тие пари, како и фактот дека приватните радиодифузери со национални  концесии се обединети околу ставот дека нема да емитуваат владини кампањи без пари (упориште наоѓаат кај законот и во аргументите и навиките од времето на владите на Никола Груевски).

Ова прашање е прашање и за Антикорупциската комисија и за медиумите, но секако не е прашање што не треба да се употребува во спин ефект, кој ќе се лепи за владината кампања.

Оттука, сите три елементи врз кои се потпираат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се споредни елементи и придонесуваат да се спинува, т.е. да се гради став дека кампањата е непотребна. Напротив, ако не им се верува на домашните статистики, тогаш белким германскиот Институт „Роберт Кох“ е релевантен и за верување. А нивните математики покажале дека „Невакцинираните се дури 98,5 проценти од жртвите на корона“, пренесува агенцијата Мета.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ