• Latest

Контраспин: Струја снема во цело Скопје, не само во зградата на Филхармонија додека говорел Мицкоски

February 18, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Струја снема во цело Скопје, не само во зградата на Филхармонија додека говорел Мицкоски

February 18, 2022 18:24
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека власта намерно ја исклучила струјата во објектот на Филхармонија додека Мицкоски давал отчет, а со цел да го замолчи, во најмала рака делува смешно. На 13 февруари попладнето снема струја не само во објектот на  Филхармонија, туку речиси во цело Скопје, но и во делови од Велес и во некои населени места во Овче Поле. Ова се случи поради испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, а тоа го потврдија од МЕПСО и од ЕВН. Така што, обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека прекинот на струјата бил во режија на власта, е спинување на вистината и провиден обид за собирање на ситни политички поени, пишува „Вистиномер“, пренесе Мета.мк

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

На 13.02.2022 година, во попладневните часови, речиси цело Скопје остана без струја. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по тој повод реагираа преку соопштение, обвинувајќи ја власта дека намерно снемало струја додека партискиот лидер Христијан Мицкоски давал отчет.

Спин: Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија. Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор. Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

[Извор: Официјална веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ; Датум: 13.02.2022]

 

Контраспин: Во обвинувањето кое дојде од ВМРО-ДПМНЕ дека власта на СДСМ и ДУИ намерно направила да снема струја во моментот кога Мицкоски давал отчет, се препознава спин. Причината за тоа што речиси цело Скопје во неделата попладне (13.02.2022) потона во мрак, како што соопштија надлежните, е пожар околу трафостаницата на МЕПСО во Пинтија.

Од МЕПСО соопштија дека причина за прекин на струјата на територијата на речиси цело Скопје, делови од Велес и некои населени места во Овче Поле бил испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица.

Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, изјавија од МЕПСО.

Од компанијата додадоа дека диспечерите на АД МЕПСО во најбрз можен рок воспоставиле напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија.

Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување, информираа од МЕПСО.

Со слични информации дента излегоа и од ЕВН.

Немаме информација целосна, единствено дека има експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО. Нема дотур на електрична енергија до мрежата на ЕВН, информираа од компанијата.

Оттука,  соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека власта намерно ја исклучила струјата во објектот на Филхармонија додека Мицкоски давал отчет, а со цел да го замолчи, во најмала рака делува смешно. На 13 февруари попладнето снема струја не само во објектот на Филхармонија, туку речиси во цело Скопје, но и во делови од Велес и во некои населени места во Овче Поле. Ова се случи поради испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, а тоа го потврдија од МЕПСО и од ЕВН. Така што, обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ декапрекинот на струјата бил во режија на власта, е спинување на вистината и провиден обид за собирање на ситни политички поени.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ