• Latest

Костадинов: Како одговорна партија, сакаме избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето

May 15, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов: Како одговорна партија, сакаме избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето

May 15, 2020 13:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На денешната прес конференција Костадин Костадионв, пртпарол на СДСМ, изјави дека ДИК треба да си ги заврши обврските веднаш по вонредната состојба и за 22 дена да има избори.

„Во овој важен период за граѓаните и  за државата, СДСМ продолжува да се води од три клучни приоритети:
Првиот е заштита на здравјето на граѓаните, вториот е брза трансформација на економијата и третиот, функционални институции – гарант за силна демократија.
Сите досегашни параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола. Државата, општеството почнуваат да ја живеат новата нормалност.
За нова и брза трансформација на економијата и целосно функционални институции кои се гарант за силна демократија потребни се избори во првиот можен термин.
Предвремените парламентарни избори кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања да биде усогласена со заштитните протоколи.
Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба.
ДИК  по завршувањето на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.
Како одговорна партија, ние сакаме избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето, со цел да воспоставиме нормална работа на парламентот и владата и да можеме сите капацитети да ги вложиме во рестарт на економијата.
Комисијата објави протоколи за спроведување кампања и за одржување на избори, сите ќе се водиме по нив и ќе спроведеме избори со сите заштитни механизми. Гласачкото место ќе биде најстрого обезбедено со сите заштитни мерки.
Од друга страна почитувани граѓани, пропаднатиот какошто сам сака да се нарекува  Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваат да ги попречат демократски процеси. Се обидуваат вештачки да создадат криза.
Пропаднатиот Христијан  Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат  институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред.
Тоа со сигурност нема да го дозволиме.
Нема да дозволиме нивното неодговорно однесување да ја втурне нашата држава  во лош правец. Исто како што не дозволивме тоа да се случи и за време на оваа здравствена криза.
Нема да дозволиме еден пропаднат спортист, пропаднат политичар како Христијан Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да спречува целосна функционалност на институциите и создавање услови за трансформација на економијата.
Избори мора да има и ќе заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа државата“, изјави Костадина Костадинов, портпарол на СДСМ,  на денешната прес конференција.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ