„Резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да заврши, а влада мора да биде формирана без натамошни одлагања, врз основа на тамошното парламентарно монозинство“, изјави за РСЕ, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
„Сега очекуваме сите политички лидери и институции да овозможат демократските процеси да се одвиваат по својот тек, тоа вклучува избор на претседател на Собранието без натамошно одлагање“, изјави Коцијанчич.