• Latest

Ковачевски: Борбата со дезинформациите е заедничка одговорност и бара мултисекторски пристап

May 31, 2022

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
Фото: wikimedia commons

Санкциите на Трамп се „шок“ за Москва, можат да им нанесат „сериозен удар“ на нафтените гиганти

October 24, 2025

Додик повеќе не е претседател на Република Српска – пораз или победа на неговата политика?

October 24, 2025

ЕУ ги оцени локалните избори во Северна Македонија како конкурентни, но во високо поларизирачки политички амбиент

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина и Индија го ограничуваат купувањето руска нафта откако Трамп воведе санкции за Роснефт и Лукоил

October 24, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Ковачевски: Борбата со дезинформациите е заедничка одговорност и бара мултисекторски пристап

Нашите темелни вредности во оваа битка, истакна Ковачевски, се вистината и максималната транспарентност, како и систем за брзо разобличување на лагите со цел да се оневозможи натамошно ширење на дезинформациите.

May 31, 2022 19:19
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ве уверувам дека сите препораки од конференцијата јас и Владата ќе ги земеме како суштински придонес во остварувањето на нашата заедничка цел. Да изградиме мултисекторски пристап за соодветен одговор на заканите и последиците што ги предизвикуваат дезинформациите, рече премиерот Димитар Ковачевски во видеообраќањето на конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, организирана од Фондацијата „Метаморфозис“.

– Да дадеме наш придонес и поддршка во обединувањето и заедничкиот ангажман на државните институции, медиумите, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор, затоа што ова прашање е наша заедничка одговорност. Заедничка е затоа што дезинформациите имаат за цел да ги поткопаат и да ги стават под сомневање сите демократски вредности на кои е изградено нашето општество, посочи премиерот.

Демократскиот свет, потенцира тој, е под постојан напад од пропагандни центри, чија цел е да внесуваат страв и несигурност кај населението, да ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес и добробитот на граѓаните, да шират влијанија на трети страни.

Порача дека Владата застанува одлучно во спротиставувањето на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со НАТО, со Фејсбук и Гугл, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите.

Нашите темелни вредности во оваа битка, истакна Ковачевски, се вистината и максималната транспарентност, како и систем за брзо разобличување на лагите со цел да се оневозможи натамошно ширење на дезинформациите.

Во делот на легислативата со измените во казнувањето за кривични дела поврзани со говор на омраза, потсети тој, испративме сериозна порака до дезинформаторите чија цел е да поттикнуваат омраза.

– Мора да бидеме свесни дека битката со дезинформациите нема да заврши брзо. На сите нас треба да ни биде јасно дека нашиот пристап и одговор треба да бидат постојано унапредувани за да ги следат сите иновации на регресивните сили. Затоа порачувам во мое име, и во име на Владата, дека остануваме партнери и активни учесници во оваа наша битка во справување со дезинформациите, истакна премиерот Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ