• Latest

Ковачевски на средбата со делегација од ОБСЕ: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето во 2023 година

January 20, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски на средбата со делегација од ОБСЕ: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето во 2023 година

January 20, 2022 12:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска прими висока делегација од ОБСЕ предводена од високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдрахманов, придружуван од Шефот на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија амбасадорот Клеменс Која.
На средбата Високиот комесар му упати срдечни честитки на премиерот Ковачевски по повод стапувањето на должноста премиер на Владата на Република Северна Македонија и изрази надеж за понатамошна успешна и плодотворна соработка.

За време на разговорот беше потврдена цврстата определба на Владата на Република Северна Македонија за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на продолжување на реформскиот процес, владеење на правото, подобрување на капацитетите на судскиот систем, јакнење на борбата против организираниот криминал и корупцијата, и родовата еднаквост.

Во оваа пригода премиерот Ковачевски му упати срдечни честитки на високиот комесар за неговото назначување на оваа важна позиција во ОБСЕ и му посака срдечно добредојде. Притоа тој изрази благодарност кон сите досегашни високи комесари за национални малцинства кои им пружија значителна поддршка на македонските институции во последниве 28 години.

Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Каират Абдрахманов, истакна дека ОБСЕ има одлично партнерство со Република Северна Македонија во изминативе три децении и подвлече дека тоа е значаен влог во европската иднина на земјата. Тој го издвои големиот успех и пријателски дух со кој Владата на Северна Македонија ги решава билатералните спорови со соседите и изрази надеж дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.

Високиот комесар Абдрахманов на средбата истакна дека стратегијата „Едно општество за сите“ и интеркултурниот дијалог кој го негува Република Северна Македонија е успешен инклузивен модел и дека заложбите во правец на владеење на правото и законот за унапредување на јазиците се важен чекор кон имплементацијата на европските вредности.

На средбата премиерот Ковачевски ја изрази својата увереност дека Владата на Република Северна Македонија воочи претстојното претседателството со ОБСЕ ќе продолжи да ги негува вредностите на праведно мултиетничко општество со еднакви можности за сите согласно стратегијата „Едно општество“.

„Годината 2023 ќе биде мошне важна и за Северна Македонија и за ОБСЕ и се надевам дека за време на нашето претседателство со ОБСЕ, кое што ќе го преземеме идната година, ќе имаме целосна соработка и ќе се посветиме на решавање на важни прашања“, подвлече Премиерот.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ