• Latest

Кржаловски: МЦМС нарача и објави анкета за „100 дена Влада“, таа не е за рејтинзите на политичките партии, во анкетата нема објавени рејтинзи

June 12, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кржаловски: МЦМС нарача и објави анкета за „100 дена Влада“, таа не е за рејтинзите на политичките партии, во анкетата нема објавени рејтинзи

June 12, 2022 18:42
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„МЦМС нарача и објави анкета за „00 дена Влада“. Таа не е за рејтинзите на политичките партии. Во извештајот од анкетата нема објавени рејтинзи“, вели директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, откако повеќе портали денеска објавија анкета со рејтинзи на партиите. Од МЦМС велат дека не постои нивна анкета за рејтинзи на политичките партии. Откако неколку портали денеска објавија резултати од истражување на јавното мислење со рејтинзи за партиите, „360 степени“ се обрати до МЦМС со барање да ја добие анкетата за автентично да ги објави податоците од неа.

На барањето одговори директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, велејќи дека таква анкета нема.

„МЦМС нарача и објави анкета за „100 дена Влада“. Таа не е за рејтинзите на политичките партии. Во извештајот од анкетата нема објавени рејтинзи. Во прилогот на извештајот со демографските податоци има табела за процентот на симпатизери на партиите за толкување на резултатите од поставените прашања и по таа основа (каде што има значителни разлики), исто како и за другите демографски елементи (пол, регион, образование)“, изјави Кржаловски за „360 степени“.

Инаку, серија портали објавија дека ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 20,7% од гласовите, а СДСМ 14,6%, повикувајќи се на анкета што за потребите на МЦМС ја изработила агенцијата М- Проспект. Според објавите, ДУИ има поддршка од 7,8%, Алијанса 2,9%,, БЕСА 2,3%, а Левица – 5,2%.

Што покажува истражувањето за „100 дена Влада“

Помеѓу доволен и добар или 2,44 е средната оценка што граѓаните и ја дале на Владата за нејзината работа во првите 100 дена, покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „100 дена Влада“ спроведено во периодот од 3 до 13 мај 2022 година.

Мнозинство од граѓаните (65,1%) изјавиле дека Владата не ги исполнила нивните очекувања. Меѓу нив, побројни се етничките Македонци. Прашани за исполнување на очекувањата во конкретни подрачја, секој петти граѓанин рекол дека неговите очекувања не се исполнети во ниту едно подрачје.

Фатмир Битиќи, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, има најдобар резултат од позитивните и негативните мислења на граѓаните за тоа како функционерите си ја вршат работата. Подолу на листата се Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Фатмир Бесими, Министер за финансии и Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски, сите со ист резултат.

Повеќе од половината граѓани (58,7%) сметаат дека им се влошил квалитетот на живот во последната година, за 29,0% останал ист, додека за 10,7% се подобрил. Сиромаштијата и невработеноста се најголемиот проблем за 30,0% од граѓаните, а за една четвртина од нив (25,9%) тоа е корупцијата и криминалот. Речиси на исто ниво се економската ситуација (13,9%) и иселувањето на младите (13,5%). Граѓаните не се оптимисти кога е во прашање економијата на земјата. Повеќе од половината (55,1%) сметаат дека таа ќе се влоши во следните две години.

Нешто повеќе од половината (51,8%) од испитаниците сметаат дека државата се движи во погрешна насока, додека за 16,8% насоката е правилна. Мнозинство (61,7%) се и оние кои сметаат дека во земјава нема политичката стабилност, за разлика од 35,2% кои велат дека ја има. Владата ужива доверба кај околу една третина од граѓаните, додека мнозинството (63,7%) немаат доверба во неа. И покрај тоа, нема мнозински став за предвремени парламентарни избори.

Поделени се мислењата на граѓаните за тоа кој е најдобриот пат за земјата. За 36,3%, потребни се предвремени парламентарни избори, додека за 30,4% излезот е во целосната мобилизација за надминување на предизвиците и формирање широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Верба дека сегашната влада има сила и способност да продолжи и успешно да ја води земјата имаат 23,3% од испитаниците.

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета, а примерокот е национален репрезентативен од 1005 испитаници.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ