Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ја повика меѓународната заедница да воведе дополнителни санкции против Русија по, како што напиша на Твитер, варварскиот напад врз Харков.
Кулеба на Твитер напиша:
-Варварски руски ракетни напади врз централниот Плоштад на слободата и станбениот кварт Харков. Путин не може да ја скрши Украина. Тој од бес прави повеќе воени злосторства, убива невини цивили – напиша Кулеба на социјалните мрежи.
„Светот може и мора да направи повеќе. Зголемете го притисокот, Целосно изолирајте ја Русија!“, напиша тој.
Barbaric Russian missile strikes on the central Freedom Square and residential districts of Kharkiv. Putin is unable to break Ukraine down. He commits more war crimes out of fury, murders innocent civilians. The world can and must do more. INCREASE PRESSURE, ISOLATE RUSSIA FULLY! pic.twitter.com/tN4VHF1A9n
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 1, 2022
Во ракетирањето на центарот на Харков повредени се шест лица, од кои едно е дете, а бројката на загинати се утврдува, соопшти Државната служба за вонредни состојби.
Украинските медиуми јавуваат дека е изгаснат пожарот што, по нападот, се појави на покривот од зградата на операта.
Шефот на регионалната државна управа во Харков, Олег Синегубов, изјави дека центарот на Харков и станбените квартови беа нападнати со системите „Град“ и крстосувачки ракети. Од нив, додаде тој, зафатени беа плоштадот во центарот на градот, каде се наоѓа и зградата на подрачната државна управа.
Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека во нападот на Харков утринава загинало едно лице, а тројца се повредени.
Д.М.