• Latest

Куновски: Помагајќи ги медиумите ја помагате нивната слобода

February 7, 2018

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Куновски: Помагајќи ги медиумите ја помагате нивната слобода

February 7, 2018 14:39
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше ос Методија Куновски, уредник во ТВ Орбис, Битола, за слободата на медиумите и слободата на изразување, посебно на локално ниво, како и за притисоците со кои се соочуваат медиумите.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате под слобода на изразување, слобода на медиумите и во таа насока и активизам?

Куновски: Слобода на изразување ја дефинираме како можност секој да си го изрази својот став, се разбира во согласност со позитивните законски прописи и норми, да не биде повредено нечие друго право. Слобода на медиумите, како надополнување на слободата на изразување, е да пишуваат за сите теми што сметаат дека се вредни за интересот на јавноста. Тоа да не биде слобода на изразување за да се наклевети, оцрни некој или да се уништи нечија кариера или брак, значи главниот фокусот да биде на јавниот интерес, она што треба да биде интересно за јавноста, да нема никаква пречка да биде соопштено на начин кој што ќе биде од сите агли покриен и аспекти кои што се важни за новинарското известување. Како наподолнување на сите овие слободи оттаму и слобода на активизам, група на луѓе да се соединети околу некоја идеја или некоја желба и да преземаат активности и мерки кои што би значеле остварување на тие нивни зацртани намери или желби. Секогаш во овие три слободи, правните аспекти да бидат секогаш запазени и туѓите права да бидат почитувани.

ЦИВИЛ Медиа: Колку локалните медиуми можат да се изборат за својата слобода и дали истата се цени?

Куновски: Локалните медиуми мислам дека уживаат поголеми слободи од националните медиуми. Ако националните медиуми се обврзани со клиентализам кој што до пред некое време потекнуваше пред се од Владата на Република Македонија, потоа од претпријатија блиски или далечни на едни или други структури, во локалните медиуми тоа е малку поиздефиринцирано. Генерално се знае која компанија може или сака да се рекламира и со тоа да се обезбедат финансиски средства кои што секогаш се поврзуваат со слободата на изразување, и од друга страна се знае што и како може да се очекува од кој било политички партии, политички актери кои што секогаш и секаде сакаат да ги имаат новинарите и медиумите колку што можат под своја контрола. Оттаму, сметам дека локалните медиуми, во Битола, уживаат слобода да известуваат за јавен интерес.

Живееме се уште во време и општество каде што сите морални, или најголемиот број на морални вредности, се наопаку преместени, и оттаму не можеме да очекуваме дека и медиумите ќе бидат изоставени, тие се дел од ова општество во кое живееме, и поместени се апсолутно од местото каде што треба да бидат границите и вредностите. Веројатно поради целата таа слика, новинарската работа не се цени како што би требало да се цени, тука апсолутно не можам да ги одвојам новинарите, дека не се виновни за сликата која што ја проектираат. И кога една новинарска сторија или приказна за еден најобичен проблем со кој се соочуваат граѓаните, наидува на големо одобрување од јавноста, ќе се најдат луѓе кои што знаат како треба да се работи новинарството, што било погрешно во известувањето, зошто не бил фатен овој или оној аспект.

ЦИВИЛ Медиа: Дали вие и медиумот кој Вие го претставувате некогаш се соочил со притоци, не само од јавноста туку и од политичките и бизнис центрите на моќ, и како сте се справиле?

Куновски: Кога сме под притисок на јавноста, тоа не го сметам за притисок, го сакам притисокот од јавноста. Притисокот и мислењето на јавноста е креаторот на вестите, многу пати со сопственичките структури во телевизијата сум бил на различни мислења, што е интересно или вредно за јавноста, тоа е и за медиумот. Оттаму, јавноста апсолутно не сметам дека може изврши каков било непријатен притисок врз медиумот, освен ако имаме предвид што се случуваше пред некоја година на неколку национални телевизии во Скопје, протести поради начинот на известување, и тоа може да биде еден од проблемите  со кој се уште се соочуваме, да си го најдеме како медиуми своето место помеѓу јавноста особено да ја заслужиме нивната доверба. Кога сме кај притисокот од сите други освен јавноста, јас лично можам да потврдам дека сум имал неколку обиди. Обиди бидејќи биле неуспешни.

ЦИВИЛ Медиа: Велите дека на некој начин во локалните медиуми е дефинирана таа слобода и се знае колку ја има, како можеме да ја одбраниме, што треба да правиме за таа да остане заштитена и да се зголеми?

Куновски: За да ја одбраниме слободата на медиумите не само за локалните, и сите останати, треба да се развие повеќе чувството, особено на компаниите кои што имаат можност да си дозволат да им помогнат на медиумите да го направат тоа. Да не сметаат дека немаат потреба од реклама. Оттаму, неколку компании кои што во Битола постојат и немаат никаков проблем со финансирањето на локалните медиуми што постојат се уште во градот, не го прават тоа. Ангажирале сега според новите навики маркетинг агенции во Скопје, па сега јас во Скопје треба да им објаснам што е импактот на телевизија „Орбис“ во гледалиштето во Битола. Не сфаќаат дека помагајќи ги медиумите, ја помагаат нивната слобода. Со нивната поддршка и помош ќе биде ослободена од политичките стеги. За жал, ние сме се уште како медиуми, особено локални, повикани да бараме извори на финансирање претпријатијата кои што не би требало да им биде една од целите или  начелата на работа, помош на медиуми. Таа ако дојде некогаш, треба да биде добредојдена и да биде многу симболична. Изворот на финансирање е оној кој што ја чува слободата на медиумите.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Обработка на текст: Ангела Петровска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Методија Куновскислобода на медиуми
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ