• Latest

Ладното лицемерие на рф

January 10, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Ладното лицемерие на рф

January 10, 2026 08:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Изведувањето ракетни и дронски напади врз украински болници, детски градинки и станбени објекти, интензивното бомбардирање на цивилната инфраструктура во услови на минусни температури, како и нанесувањето повторни ракетни удари врз станбени згради во моментите кога пристигнуваат спасувачките служби – токму кон вакви злосторства прибегнува кремљовскиот режим во периодот кога во рф се одбележува Божиќ.

Очигледно е – да се биде христијанин и да се претставуваш како „христијанин“ се две различни работи.

Лицемерството на кремљ се манифестира преку јавни изјави за наводна подготвеност за дијалог, наспроти огнот што рф не го прекинува. рф применува масовни напади врз Украина со дронови, крстосувачки и балистички ракети. Кремљ се потпира на континуиран терор и суровост, постојано проширувајќи го спектарот на средства за уништување.

Во 2025 година, рф истрела врз Украина повеќе од 60.000 наведувани авијациски бомби, приближно 2.400 ракети од различни типови и над 100.000 ударни дронови. Главна цел на овие напади беше инфраструктурата што го обезбедува секојдневниот живот на милиони луѓе. Во текот на 2025 година, во Украина се огласија најмалку 19.033 воздушни тревоги. Само во период од една недела – од 28 декември до 4 јануари – Русија истрела врз Украина повеќе од 1.000 ударни дронови, речиси 1.070 наведувани авијациски бомби и шест ракети од различни типови.

Енергетската инфраструктура на Украина е под постојан удар. Нападите врз електроснабдувањето, водоснабдувањето и системите за греење се изведуваат секојдневно, внесувајќи студ и темнина во градовите. Мисијата на ОН за мониторинг на човековите права во Украина констатираше широко распространет и систематски карактер на овие напади. Исто така, беше заклучено дека многу аспекти од воената кампања на рф, насочена кон оштетување или уништување на цивилни објекти за електрично и топлинско снабдување, како и инфраструктурата за пренос на електрична енергија во Украина, претставуваат кршење на основните принципи на меѓународното хуманитарно право.

Украина се брани и дава отпор, а истовремено им се обраќа на партнерите со повик да го засилат притисокот врз москва, со цел да ѝ се одземат ресурсите за терор и војна.

Очигледно е дека, наоѓајќи се во егзистенцијален вакуум, руските злосторници бараат излез преку апсолутна власт, која се реализира преку секојдневно вршење злосторства против животот.

Постојната (засега) неказнивост само ги охрабрува оние што издаваат наредби за убивање и оние што го повлекуваат чкрапалото.

Договорот за воспоставување Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина, потпишан во јуни 2025 година, сведочи дека сме направиле чекор поблиску кон повикување на одговорност на највисокото политичко и воено раководство на рф за злосторството агресија.

Во мај 2025 година, во Лвив, министрите за надворешни работи на земјите-членки на Советот на Европа и други заинтересирани држави ја изразија својата политичка волја со донесувањето одлука за неопходноста од создавање Специјален трибунал.

Во моментов, во земјите на Советот на Европа се одвиваат процеси на пристапување кон Проширената делумна спогодба за воспоставување Управен комитет на Специјалниот трибунал. Ова не е само прашање на брзо решавање на организациските и финансиските аспекти, туку пред сè израз на подготвеност за заштита на вредностите на демократските општества – заштита на животот од самоволната тоталитарна идеја, вештачки создадена и негувана во услови на „посебна“ историска псевдозначајност.

За завршување на процесот на воспоставување на Специјалниот трибунал потребно е време, додека рф секојдневно носи одлуки за убивање. Ова особено доаѓа до израз во услови на силен зимски студ. Луѓето во Днипро, Запорижја и Кијив остануваат без греење, електрична енергија и вода.

Покрај одбраната на линијата на фронтот, спасувачките и ремонтните екипи работат непрекинато, 24 часа на ден, на санација на електричната мрежа и обезбедување водоснабдување.

За Украинците е од суштинско значење партнерите да продолжат со поддршката – со испорака на средства за противвоздушна одбрана и неопходна опрема – токму сега, кога температурата на воздухот нагло паѓа, а рускиот терор против цивилите се засилува.

 


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ | Дозволено е преземање со атрибуција и линк до изворот: CC BY 4.0


Фото извор: Амбасада на Украина во РСМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ