Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, нагласи до каде може ЕЦБ да помогне земји во еврозоната погодени од пандемијата, и според неа, директното кредитирање на владите, надвор од пазарот, ќе биде нелегално.
ЕЦБ планира да купи хартии од вредност во висина од 1,1 милијарди евра оваа година, претежно државни обврзници, за да обезбеди евтин кредит за владите, домаќинствата и компаниите кои се борат против пандемијата на коронавирусот и вети дека ќе направи уште повеќе ако е потребно.
Бидејќи Банката на Англија позајмува директно на британската Влада, инвеститорите почнаа да шпекулираат за тоа кои други централни банки ќе го следат тоа, бидејќи светот се соочува со најлоша рецесија во речиси еден век.
Лагард стави крај на шпекулациите за директното купување долгови од владите на еврозоната.
„Според толкување на договорот, тоа значи дека купувањето суверен долг на примарниот пазар, односно директно финансирање на влада, би урнало утврдена цел за поттикнување дисциплинирани буџетски политики“, нагласува таа во писмото до еден европратеник објавено денеска.












