• Latest

Лариса Дир: Европскиот суд ги призна системските прекршувања на човековите права од страна на рф

July 11, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лариса Дир: Европскиот суд ги призна системските прекршувања на човековите права од страна на рф

July 11, 2025 16:48
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЛАРИСА ДИР, Амасадорка на Украина во Северна Македонија

На 9 јули 2025 година, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), еден од главните органи создадени во рамките на Советот на Европа за заштита на човековите права и слободи во европскиот регион, донесе одлука по суштината на предметот „Украина и Холандија против Русија“, во која призна бројни прекршувања на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, во врска со вооружената агресија против Украина, привремената окупација на делови од Донецката и Луганската област и поддршката на ненајавени вооружени формации.

Познато е дека темелниот правен инструмент на ЕСЧП е Европската конвенција за човекови права, усвоена во 1951 година – токму овој документ претставува значајна правна алатка за заштита на човековите права и слободи.

Сакам да истакнам дека предметот опфаќа четири големи постапки:

  1. Претставки на Украина, поднесени од 2014 година, за прекршувања на човековите права на привремено окупираните територии на Донецк и Луганск;
  2. Изјава на Украина за киднапирање на деца-сиропиталишта од окупираните територии;
  3. Тужба на Холандија во врска со уривањето на патничкиот авион на летот МН17 во јули 2014 година;
  4. Тужба поврзана со сеопфатната инвазија на рф во 2022 година.

Важен момент е тоа што ЕСЧП утврди дека неговата јурисдикција се простира на сите случаи на прекршувања на човековите права од страна на рф до моментот кога Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи престана да важи за рф (до 16 септември 2022 година), бидејќи рф излезе од оваа Европска конвенција. Но, тоа не значи дека Украина и Украинците нема да ги оспоруваат злосторствата на рф и по 16 септември 2022 година.

Ќе се задржам на заклучоците на ЕСЧП во контекст на овој предмет.

ЕСЧП, меѓу другото, нагласи дека природата и размерот на насилството, како и мрачните изјави на раководството на рф во однос на државноста на Украина, нејзината независност и самото право на постоење, претставуваат закана за мирниот соживот во Европа и имаат за цел да ги поткопаат самите темели на демократијата врз кои се засноваат Советот на Европа и неговите земји-членки.

Значајно е тоа што земјите-членки на НАТО во Завршната декларација од Самитот во Хаг (24–25.06.2025) ја потврдија својата единственост пред безбедносните предизвици, вклучително и долгорочната закана од страна на рф за евроатлантската безбедност. А Вашингтонската декларација од Самитот на НАТО (10.07.2024) ја означи рф како најзначајната и директна закана за безбедноста на државите-членки на Алијансата; токму сеопфатната инвазија на русија врз Украина го уништи мирот и стабилноста на евроатлантскиот простор и сериозно ја наруши глобалната безбедност.

Очигледна е едногласната осуда на рф.

Во ниту еден од претходните конфликти што биле разгледувани од Европскиот суд за човекови права, не била забележана таква едногласна осуда од страна на меѓународната заедница на непочитувањето на државата-тужена (рф) кон основните принципи на меѓународниот правен поредок.

ЕСЧП за првпат во својата пракса утврди прекршување на член 2 од Европската конвенција за човекови права – Правото на живот, и член 3 Конвенцијата – Забрана на тортура.

рф сноси одговорност за масовни напади врз цивилното население и објекти на цивилната инфраструктура, вклучително и употреба на експлозивно оружје, касетна муниција, неуправувани ракети и неуправувани бомби во населени места. Покрај тоа, Европскиот суд истакна дека таквите напади се извршуваат намерно, со цел да се заплашат и тероризираат цивилите.

При опсадите на украинските градови како Мариупол, Изјум и Чернихив, руските вооружени сили дејствувале со целосно игнорирање на животите на цивилите кои се нашле под опсада, што претставува прекршување не само на Европската конвенција, туку и на меѓународното хуманитарно право – на што особено укажа ЕСЧП.

ЕСЧП посебно документираше прекршувања на човековите права на украински војници, преку егзекуции, тортура, нечовечко постапување и присилна работа.

Европскиот Суд ја привлече вниманието и на критичната состојба во териториите под контрола на рф, каде државата-агресор воспоставила режим на измачување и сурово постапување кон цивили и воени заробеници – претепување, задушување, електрошокови, сексуално насилство и закани кон нивните најблиски.

ЕСЧП утврди прекршувања на правата на децата, како резултат на нивното преместување преку границата меѓу окупираните територии на Украина и рф, почнувајќи од 2014 година. Потврдено е дека рф воспоставила системска програма за долгорочно, а всушност – трајно, одземање на децата од старателство на нивните законски претставници во Украина. Оваа програма била координирана од страна на комесарката за правата на детето при претседателот на русија.

Притоа, ЕСЧП нагласи дека оваа практика на присилно преместување на украински деца и поттикнување на нивно посвојување во рф уште повеќе се интензивирала од почетокот на сеопфатната инвазија и добила системски карактер.

Исто така, треба да се напомене дека оваа одлука на Европскиот суд за човекови права претставува прва одлука на меѓународна судска институција во која русија е официјално прогласена за одговорна за соборувањето на патничкиот авион од летот MH17 во 2014 година. ЕСЧП недвосмислено изјави: загинувањето на 298 цивилни лица претставува повреда на правото на живот и не може да биде оправдано под никакви околности. русија исто така е прогласена за виновна за обиди да го попречи истражувањето на трагедијата преку дезинформации и фалсификати.

 ЕСЧП потврди дека рф сноси меѓународно-правна одговорност за сите прекршувања на човековите права – тортура, незаконски притвори, вонсудски егзекуции, прогон на новинари, верски групи, прекршувања на имотни права.

И покрај реакцијата на кремљ за оваа историска одлука на ЕСЧП и прекинувањето на нејзиното членство во Советот на Европа – рф и понатаму останува правно обврзана да ги спроведува одлуките на ЕСЧП.

Комитетот на Министри на Советот на Европа врши надзор над извршувањето на оваа одлука на ЕСЧП; Украина ќе продолжи да соработува со партнерите за сите прекршувања утврдени од Судот да бидат соодветно надоместени.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ