Амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина од почетокот на руска воена агресија, на Платформата Х 1238 ден од руската војна во Украина го посвети на Денот на Украинската државност.
Ден 1238. Денес заедно со украинската заедница го одбележавме Денот на Украинската Државност, оддавајќи почит на повеќе од илјадагодишната историја на украинската државност.
Украина се бори!#StandWithUkraine pic.twitter.com/8tPlBT5Sam— Larysa Dir (@dir_larysa) July 15, 2025
„Ден 1238. Денес заедно со украинската заедница го одбележавме Денот на Украинската Државност, оддавајќи почит на повеќе од илјадагодишната историја на украинската државност.
Украина се бори!“, напиша амбасадорката на Х.
Како што објави претходно ЦивилМедиа на 15 јули Украина го одбележува Денот на украинската државност, кој се совпаѓа со Денот на крштевањето на Рус-Украина (Кијивска Рус) и денот на оддавање почит на истакнатиот државотворец, кијивскиот кнез Володимир Велики.
Б. Ј.