Централниот регистар се наоѓа помеѓу бизнис секторот и обичниот граѓанин. Тоа е институција којашто може да му помогне на обичниот граѓанин да се доближи до бизнис секторот, да се почувствува послободен, за отпочнување на една бизнис кариера, истакна Ирена Лазарова од Централен регистер, на конференцијата на ЦИВИЛ, „Граѓанска повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“.
Таа додаде дека Централниот регистар како институција може да ја одигра една од најзначајните улоги во исполнувањето на целите на повелбата и сите останати иницијативи кои се преземаат на ниво на државата. Да ги поддржат граѓаните и да ги вклучат во донесувањето на одлуки во општеството.
„Бидејќи доаѓам од сектор каде што сум директно вклучена во мерењето на задоволство на граѓаните и целиот бизнис сектор, точно ги разбирам проблемите со кои се соочуваат граѓаните кои сакаат да започнат со свој сопствен бизнис, како и препреките со кои се соочува невладиниот сектор. Централниот регистар работи на разрешување на овие проблеми за полесен пристап до информации, како и на охрабрување на граѓаните во остварување на своите цели“, потенцираше Лазаровска.
Маја Ивановска
Монтажа: Ермин Климента
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Биљана Јордановска