• Latest

Ле Соар: Аерозагадувањето на Балканот опасно и за ЕУ

January 27, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ле Соар: Аерозагадувањето на Балканот опасно и за ЕУ

January 27, 2020 10:17
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од највлијателните белгиски дневни весници, Ле Соар, во своето денешно издание посветува репортажа на загадениот воздух во земјите од Западен Балкан и зависноста од јагленот на земјите од регионот.

“Балканот се гуши во микрочестичките“, почнува репортажата објавена денеска во весникот, и во која се потсетува дека проблемот со загадувањето во земјите од регионот не застанува пред границите на Европската унија.

Додека ЕУ се обидува да воведе амбициозни цели за справување со уништувањето на животната средина и климатските промени, Ле Соар потсетува дека аерозагадувањето кое доаѓа од западниот Балкан го загрозува здравјето и на граѓаните на ЕУ.

-Според невладината организација “Бенквоч“, шестнаесет централи на јаглен од регионот испуштаат иста количина на диоксид сулфур колку сите 250 централи во ЕУ, загадување кое не застанува пред границите на ЕУ: од 3.906 смрти кои се должат на овие централи во 2016, над 50 отсто се регистрирани во земја на ЕУ, пишува весникот.

Во Србија, граѓанските движења бараат енергетска транзиција кон одржливи извори како сончевата енергија или ветерниците, објаснува во интервју Добрица Веселиновиќ од движењето “Не да(ви)мо Београд“.

Имено, Балканот продолжува во огромна мера да зависи од јагленот за производството на струја, индустријата загадува исто како и автомобилите, додека стандардите на заштита се преслаби, објаснува весникот.

-Изворот на загадувањето е добро познат, но властите не се брзаат да го свртат листот, вели репортерот.

Од невладината организација “Бенквоч“, која ги надгледува фондовите на ЕУ во југоисточна Европа велат: “Владите на западниот Балкан до скоро ја следеа истата енергетска политика како и последните неколку децении, заснована на јаглен и хидроелектрани. Тоа се должи, меѓу другото, на лесниот пристап до национални резерви на лигнит, на инертноста во начинот на размислување на политичката елита и локалните експерти, неспособноста да се премине на енергетски систем пазарно ориентиран, политичката тешкотија за затворање на рудниците за јаглен, и, иако потешко се докажува, корупцијата“, вели Пипа Галоп од Бенквоч.

Понатаму, текстот објаснува дека властите во регионот не само што немаат план да се справат со загадувањето од корен, туку планираат и да градат нови централи на јаглен во наредните години, најчесто со кинески фондови.

-Кина овозможи да се имплементираат проекти кои требаше да се откажат откако европските банки престанаа да финансираат проекти со јаглен, кинеските претставници инсистираат дека локалните власти се свртеле кон нив пред сѐ за да ги финансираат овие централи, вели Галоп.

Според студија на Обединетите Нации, загадувањето од јагленот го намалуваат животниот век за 1,3 година. 

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ