• Latest

Лесните и нереални ветувања на политичарите им се враќаат како бумеранг!

September 12, 2019
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лесните и нереални ветувања на политичарите им се враќаат како бумеранг!

September 12, 2019 11:37
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Словенечката политичарка Аленка Братушек, која беше премиер на Словенија од 20 март 2013 година до 18 септември 2014 година,  во една пригода рече дека политичарите не треба да даваат лесни и нереални ветувања, бидејќи ќе им се вратат како бумеранг!

Кога бев мал, слушајќи ги луѓето како се жалат дека немаат пари, се чудев зошто државата не испечати толку пари колку што  се потребни  за сите луѓе во државата да бидат  задоволни и среќни?! Подоцна разбрав дека проблемот со  парите е сепак многу комплексен и дека е поврзан и зависен од развојот на економијата, поточно од зголемувањето на производството,  продуктивноста, услугите и извозот и дека економските и социјалните проблеми не можат дa се решаваат со печатење на пари!

Во предизборната кампања за парламентарните избори што се одржаа во 2016 година, лидерот на тогашната опозиција, а сегашен премиер Зоран Заев настапуваше како „Дедо Мраз“, ветуваше зголемување на платите, зголемување на субвенциите и на разни бенефиции на граѓаните и најавуваше  „живот за сите!“ Поаѓајќи од сознанието дека долгогодишното владеење на една партија во транзициските земји води кон авторитаризам, енормно зголемување на криминалот и корупцијата, суспендирање на владеењето на правото, насилства, изборни нерегуларности и слични негативни појави, безрезервно го подржав опозицискиот лидер за иден премиер на државата, а, бидејќи немав можност да се сретнам со него, се обидував посредно, преку луѓе блиски до него, да му сугерирам да се воздржува од давање на лесни и нереални ветувања. Истовремено му сугерирав да им се извини на граѓаните за тешките хипотеки што беа направени во време на владеењето на претходните раководни гарнитури на СДСМ: криминалната приватизација,  партизирањето на судството (во 1996 година кога во Собранието немаше опозиција, беа избрани сите судиии!) и на сите државни органи и институции,, пирамидалните штедилници, нерегуларните парламентарни и претседателски избори во 1994 година, по кои беше реинкарнирано едноумието во државата, гафовите, грешките и глупостите во надворешната политика и слично! Му сугерирав исто така тежиштето во изборната кампања да го стави на критики на грешките и глупостите во десетгодишното владеење на претходната власт. Укажувајќи на грешките што ги правеше поранешната власт, опозицискиот лидер требаше да настапи со цврсти гаранции дека ќе ги напушти нејзините погрешни политики  и дека ќе настапи со визија за иднината на државата.

Откако успеа со тешки маки да формира влада, наместо да дефинира паметна економска стратегија и политика, кои  би создале услови за забрзување на економскиот развој на државата, премиерот Заев се определи за козметички промени во системот: ја укина радиодифузната такса, го преполови бројот на советниците во неговиот кабинет, го ограничи правото на репрезентација на раководните личности на 500 евра месечно, ја лансира идејата за  „Мој ДДВ“. Премиерот Заев е во голема заблуда доколку мисли дека со  вакви козметички промени во системот ќе овозможи „живот за сите“!?

Имајќи ги предвид предизборните ветувања, премиерот Заев посебно внимание посветува на зголемувањето на платите, со верување дека тоа може да биде панацеум за сите болки во економијата и во државата! Со определбата за зголемување на платите, премиерот Заев ја активира  опасната спирала за нереални барања за зголемување на платите на разни синдикални и/ли еснафски здруженија, што води кон постојано зголемување на незадоволството како во поодделните општествени структури, така и во целото општество! Ветувањето дека платите на лекарите ќе бидат 100 илјади денари, најпрво предизвика незадоволство кај лекарите кои очекуваа дека ваква плата треба да добијат веднаш по смената на власта, а незадоволство изрази и  останатиот медицински персонал кој побара соодветно зголемување на платите. Потоа следеа барања за зголемување на платите на сите останати структури во државната администрација, полицијата, војската, учителите, професорите и останатите професии! Зголемувањето на платите на администрацијата предизвика незадоволство кај вработените во  приватниот сектор, но, и во целото општество.

Во економијата е мошне добро познато дека административното зголемување на платите неизбежно води кон активирање на спиралата за пораст на цените, со реални изгледи да се загрози и стабилноста на курсот на националната валута!  Сега тешко може да се предвиди како ќе се развиваат  работите  во иднина?.

Македонските граѓани се фрустрирани поради тоа што ги снајде еврејската клетва: – „Да имаш, па да немаш.“ Во времето на социјализмот граѓаните на Југославија и на Македонија живееја подобро отколку сега! Државата од домашната акумулација и од странски кредити градеше фабрики, имаше бесплатно школство, бесплатно здравство, луѓето одеа на годишен одмор, работниците уживаа гарантирани работнички права, постоеја силни синдикати кои ги бранеа правата на работниците итн. Во повеќе наврати пишував дека во времето на социјализмот и на Југославија Република Македонија спроведуваше целосно погрешна економска стратегија и политика, а потоа дојде крајно неуспешната транзиција олицетворена во криминалната приватизација, со која релативно лошата економија и релативно доброто општество се трансформирани во апсолутно лоша економија и апсолутно лошо општество во кое луксузен живот имаат само 5-10% од вкупното население во државата, додека голем број граѓани немаат пари ни за леб! Со транзицијата која доведе до тоа значителен број граѓани да немаат пари за леб, Македонија е вратена во втората половина од четвртата деценија од минатиот век и наместо кон Европа е пренасочена кон Африка! Поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак ги зголеми цените на лебот, што предизвика жестоки протести на населението, така што беше приморан да ја суспендира одлуката за зголемување на цената на лебот! Со цел создавање на услови сиромашните граѓани да можат да купуваат леб треба да се подготват соодветни  социјални програми со кои сиромашните граѓани би можеле да купуваат леб и други прехранбени производи по  ниски цени!

Иако беше еден од главните протагонисти на неолиберализмот, Џорџ Сорос ја согледа опасноста од прогресивното продлабочување на социјалните разлики во развиените земји и во светот, сега, заедно со некои добитници на Нобеловата награда за економија и некои енормно богати луѓе, се залага за поголеми даноци на богатите луѓе! Со слични ставови настапува и најавениот кандидат на американската Демократска партија за претседател на САД, Берни Сандерс, кој во едно интервју призна дека е социјалист, поради што неговите опоненти од Републиканската партија го обвинуваат дека сака да воведе социјализам во САД!?

Како партија која е дериват и наследник на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ), СДСМ, за жал, не успеа да подготви програма за намалување на социјалните разлики во македонското општество, како предуслов за хармоничен развој на државата и општеството! Лидерот на СДСМ и актуелен  премиер Заев настапува како експонент на плутократијата, а не како државник со визија за иднината на државата и добробит на граѓаните! Поради обидот да воведе скандинавски економски и социјален модел во државата, кој не и одговара на македонската плутократија, „курбан“ отиде екс министерот за финансии Тевдовски! „Фактурата“ за ваквото владеење на премиерот Заев ќе му биде испорачана на наредните предвремени или редовни парламентарни избори! Меѓутоа, евентуалната победа на опозицијата на претстојните избори ќе зависи првенствено од подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да се реформира, да се демократизира и да се ослободи од тешките хипотеки во времето на нејзиното 11-сет годишно владеење! Обидот на некои челници од ВМРО-ДПМНЕ со аферата „Рекет“ да ги „исперат“ криминалот, корупцијата и насилството во 11-сет годишното владеење не само што нема да успее, туку ќе биде контрапродуктивен!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ