• Latest

Лидерите на големите сили и војните во странство

August 24, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Лидерите на големите сили и војните во странство

Бајден е еден од ретките политичари чии војници биле ангажирани во странство, а кој повлекувањето го направи консеквентно и со јасна политичка одлука. Немаше криење зад флоскули од типот „Америка прво“. Прашањето е дали сега тој може да стане новиот Де Гол и да отвори нови перспективи за светот. Имено, по повлекувањето од Алжир, францускиот генерал ја отвори идејата за Европската унија. На светот му требаат лидери кои ќе отвораат општ напредок на сметка на застарените методи

August 24, 2021 11:00
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Во филмот „Човекот кој сакаше да стане крал“ постои една уметничка форма на реплика на мотивот на некогашниот антички војсководец Александар Велики да ја реализира својата политичко-воена љубопитност и да стигне до Хималаите. Неколку офицери од среден ранг, дел од под-хималајската регимента на британската империја ја бараат библиската земја на спокојот и изобилството, воедно и на безработицата и насладувањето (митот за Шангри-Ла го обнови хипи движењето во втората половина на 60-тите) со тоа што некаде високо, под врвовите на покривот на светот, беа пречекани како потомци на Големиот Александар и веднаш (еден од нив) беше устоличен како крал. Но, филмот ја покажува и втората страна на таа ненадејна среќа – боговите не може само да владеат, од нив се бара и за народот да донесат среќа. Па дојденците ќе мора да се спасуваат пред разлутениот народ…

Човекот кој сакаше да стане крал (постер за филмот)

Суштината на сите воен интервенции секако се состои во тоа што, кога со воена сила се влегува во една далечна земја (да ги оставиме за час споредбите со далечните ликови и војски), се јавуваат и облигации. Впрочем, старите освојувања биле едноставно грабачки (Џингис Кан, на пример) кои се состоеле во привремено нахранување на сопствената глад со туѓата неволја, а за она „потоа“ кому му било гајле: тешко на преживеаните.

Втората фаза на освојувањето (колонијализмот) значел повеќевековно искористување на ресурсите на еден огромен простор. Британската нога влегла на индискиот потконтинент на стартот на 17 век и не може едноставно да се толкува дека била поразена, ако се има предвид добивката од тоа присуство таму. Факт е дека со актуелниот Авганистан работите стоеле малку полошо, но тоа било подрачје кое и тогаш и сега има скромни ресурси и голема дилема за секој  освојувач е дали логиката на тој тип на освојување има смисла, иако, факт е дека славниот Черчил користел дури и воени отрови во Авганистан, со цел да ги одбегне оние војувања кои би донеле големи жртви на страна на неговите армади.

Португалска колонијална војна во Африка, 1961-1974 (извор: Википедија)

Впрочем, последните 100 години главно се менува климата околу војувањето за територии и луѓе, бидејќи некогашните империи имаат сосема други алатки со кои би ги пренасочувале ресурсите или би ги контролирале патиштата на профитите. Затоа војните и се водат или кон многу крупни цели како што нафтата (нафтените компании се денес наднационални) или клучните сообраќајници (Суец, Панама) или значат ослободување од старите обврски од времето на колонијализмот кои посебно ѝ натежнаа на Франција (Индокина, Алжир), како и идеолошките војни (советската интервенција одново во Авганистан или американската „замена“ на Франција во виетнамскиот пекол).

Шарл де Гол

Затоа и го имавме овој вовед. Затоа што треба да се констатира дека Франција го имаше Де Гол со Евијанскиот договор (1962) кој успеа да стави крај на тие исцрпувачки и тогаш веќе целосно бесмислени војувања. Цената можеше да ја плати самиот (неуспешен атентат!), државата и целиот политички систем (обиди за воен пуч на генералите кој се надмина со политичко решение – уставен простор за Петта република). Место старите колонии се отиде кон нова цел: обединување на Европа (ЕЕЗ, а сега ЕУ), кон колосални промени чија цел, меѓу другото, беше избегнување на било какви воени искушенија. Дали може да се замисли сегашната Унија, а да не беа „ножичките“ кон минатото во рацете на Де Гол?

Во некоја слична позиција е сега и американскиот претседател Џозеф Бајден, бидејќи треба да затвори една „дебела“ книга на војувањата и интервенцијата со нови перспективи, а што да не и во светски рамки. Кога веќе светот е поврзан со многу споени садови на интересите и потребите.

Да се потсетиме дека Бајден во говор на националната телевизија во понеделникот (16 август) од Белата куќа, кажа дека американската мисија во Авганистан „никогаш не требало да биде изградба на нација“ и рече дека заканата од тероризам што ја довела американската армија во државата се раширила далеку преку границите на Авганистан, во други држави. Тој призна дека победата на Талибанците низ Авганистан се случиле „побрзо отколку што антиципиравме“. Сепак, Бајден рече дека е погрешно да им се нареди на американските трупи да се ангажираат во натамошна борба кога авганистанските трупи немаат волја за тоа. „Ако ништо друго“, рече тој, „настаните од изминатава недела ја потврдуваат“ неговата одлука за повлекување од Авганистан.

Бајден се врати дома од Кемп Дејвид токму тој ден, откако 24 часа претходно претседателот Ашраф Гани го напушти Авганистан, кога борците на Талибанците влегоа во авганистанскиот главен град Кабул. При тоа, Бајден конзистентно ја бранеше неговата одлука да ги повлече сите американски трупи од државата до 31 август. „Уште една година, или пет години, на американско воено присуство немаше да направи разлика, доколку авганистанската армија не може или нема волја да ја одржи нивната сопствена држава“, рече при тоа Бајден.

Треба да се потсетиме дека американските сили беа во Авганистан речиси 20 години. Во таа интервенција поминаа мандатите на дури четворица американски претседатели. Факт е дека Бајден уште во април соопшти дека ќе ги донесе трупите дома до крајот на август. Ова тој го стори наспроти препораките од Пентагон САД да остават мал број трупи во државата.

Интензивирањето на нападите на Талибанците во Авганистан започнаа во мај, кога САД и сојузниците од НАТО започнаа со повлекувањето. Најновата офанзива на носителите на средновековната теологија кулминираше со колапс на авганистанската влада. Повторно имаме ситуација кога промената на власта не носи јасни и видливи мерки за самоодржување а кои, следствено на кажаното од Бајден, не водат кон „градење нација“. Сиромашен народ, задавен во сопствената неписменост и бесперспективност, корупцијата на до скоро актуелната власт и економија што се базира само на шверцот на дрогата остана актуелна опасност и за соседството и пошироко. Засилувањето на борбата против опојните дроги може да се состои, на пример, со тоа што ќе се пресечат каналите на шверцот за авганистанските Талибанци.

Лидерите како Бајден, а порано и споменатиот Де Гол, мораат да размислуваат за подобрувањето на општиот, планетарен пејзаж, додека енклавите на тиранијата и неслободата не започнат да паѓаат во нивната бесперспективност и не станат краткотрајни флешови во историјата.

 


Сите права се задржани. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ