• Latest

Ловџии во нашиот двор

February 13, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ловџии во нашиот двор

February 13, 2024 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БОРКО ЗАФИРОВСКИ

За Емилија…

Почитуваната Проф. д-р Емилија Целакоска , како и неколкумина млади и разборити интелектуалци, со или без академски титулари, го белеат женскиот образ со смело втурнување во актуелна дневнополитичка, но и таложена,  а во научни дисциплини, одлежана проблематика. Таа може да се нарече политикологија но свежиот пристап ги отвора портите на една , се’ поубава, мека и непретенциозна борбена есеистика.

Да се издвоиме од женско-машки пристапи оти нашата журналистика од Втората светска војна, бележи наплив од активности и „активистки”, врз слободоумни, воспитни и образовни основи

а да обрнеме внимание на современиот пристап , алармантно потребен во време жедно за вистински лекови и мобилна хирургија. Веднаш!

Дали ги забележуваме малите но болни вапаи на Фб и ТВ проследувачи, како и чистата мисла на се помалку размислувачки и уште помалку упатени читатели и гледачи? Не! Сите спијат или би дремнале, апатично или гастрономско бегајќи од заморно теми меѓу кои лесно се препознаваат партиски шкртки, ама и шематизирани високоумности за низ дома, скрибомански релаксација со чуено а не проучено, „вундеркинди” од основно, вљубеници во тешки зборови и парцијални цитати и интернет школи и и?

Конзервативно новинарствување со планетарно нарцисоидно насилие .Бља! Од креативност уште мемоарите да ги стокмат и искривеното родословие. Душманство врз слободоумието и низок ,сувопарен ум на разни Це Ка. до кои не би стасале.

Емилија Целаковска, (Ана, Весна, Лидија, Марија…), се во сценариото „Двор” од филмскиот режисер Б.З . кој го напиша во првиот семестар на ФДУ, многу одамна,  класа филм, режија: дворот со чешма во средината за сите жители од десетина вратички со по една скала и влез во кујна, што е и спална-СЕ! Нужникот е во дворот, нокширите пред врата, како и наланите и папучите. Кокошките колваат, сандаците со зајаци се детска забава и прехрана, а свињчиња од надворешен ѕид…

Текстовите на Е.Ц. за ловци на елен или зајаци, ми се стуткаа во „Дворов” на ,велат, елитна зграда, со папучи пред врата тетовирани обезбедувач и веројатно повеќе камери отколку на времето за „Бен Хур”. Кога го препрочитав и Бдеењето, па тек И.Б. а без да ги додадам моите „фаворити” за Француски предлози, за Бугарите до 1945 г. ,ми се отвори видокругот на Дворот во кои се прибираме и заминуваме, а живееме од ФБ, по некој напис и запис, со многу лаги и без слога за да организираме, барем по еден „Ирски лов на лисици” , текст објавен во серија мои колумни, со љубезност на „Глобус“, во врвната стравовлада на Режимот од 2012г.

Ќе потсетам на прекрасните записи од режисерот (сценарист и глумец) Џон Хјустон кој во пеесеттите се доселил во пра- татковината Ирска, период кога Макартизмот бркаше „вештици” и комунисти (?) низ Холивуд, каков што беше „Големиот диктатор”, Чарли Чаплин.

Но за ловот на лисици беше збор, популарен во Англија, Ирска, Америка…

Тоа била многу сериозно организирана спортска забава а сурова и опасна игра.

Во дотичната грофовија лов се одржувал во вторник, четврток и сабота. Мајсторот давал задачи и команди од вечер да се затрупаат дупките на лисиците по кои од утрина со строги протоколи но и многу бучни придружни, во зависност од успешноста, четириесет коњаници и толку парови на дресирани кучиња, тргаат во специјалната операција на гонење. Грофовијата била предизвик и за јавачите и нивните коњи кои често требале да прескокнуваат високи камени огради и ѕидови на канали.

Членството се плаќа, како и Сместувањето и платата на Мајсторот на ловот, коњушарите, згрижувачките на кучињата. Теренските мајстори се одговорни и за дисциплината на членството кое ги гласа луѓето и одлуките.

Таквата организација и дисциплината, вели Хјустон, можеби се анахронизам. Покрај сите опасности и помори, лисиците умеат и да се извлечат, наместо да бидат труени од фармерите. Тие, лисиците, се и крволочни оти освен за прехрана, убиваат цела живина.

Од друга страна, таа крвава страст бара добри јавачи и способни ловџии. Несреќите и грешките носат и скршеници. Набљудувањето се плаќа со купување качкет за на лов. Еднаш Џон го поканил Морган Мери кој купил цела опрема, но Хјустон кога се вратил го нашол крај каминот со пијачка: Па Морган, што мислиш, како ти се допаѓа ловот?

Мислам дека сите вие сте луди сите сте вон од памет па ни во сон не би ве дружел.

-Во нашава Грофовија, во Дворот чешма и кал, со одводи од садопери и легени, фекалии и отпадоци со крици на семеен дијалог и комшиски расправии, со тресоци и музики , ловот е далечно минато во долините од кај што сме дошле за да правиме плурална економија и демократија. Ние се напикавме во куќичките на арх. Вангел Божиновски сред сала на Собранието а од првиот ден на должност, итаме во маало или село, да не видат од семејството и соседството со убави возила, кои потоа ги гледаме калосани покрај кафулиња.

Ете, едно остро видување, еден повик дека се гледаме и се читаме. Една година и не била многу, ни десетина не се, особено кога шуруваме меѓу себе и си кажуваме што ќе ви правиме?

Етика, естетика, а за Џон Хјустон, треба дарба, работа  и витешка храброст. Да, и образ.

Редакции, луфтирајте се. Не е до возраста, до промашеното самочувствие. До чергите во носот и Паланката во главата. Комформистички кукавици.

Што поскоро.

Џон Хјустон, блискиот на Папа Хемингвеј, сметаше дека со дланки не можеш да го фатиш морето-важно е да згазиш во океанот.


Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ