Луксембург ќе испрати противтенковско оружје, возила и други резерви во Украина, ја пренесува Укринформ веста на Луксембург Тајмс
„Соочена со итноста и влошувањето на ситуацијата на теренот, владата не се двоумеше да покаже солидарност и да ги стави на располагање овие средства за да ја поддржи украинската армија во борбата против рускиот напаѓач“, изјави министерот за одбрана на Луксембург Франсоа Бауш
Според соопштението, армијата на Луксембург ќе и испорача на украинската армија 100 лесно противтенковски оружја заедно со возила со погон на четири тркала и 15 воени шатори.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно изјави дека сојузниците на НАТО продолжуваат да ја зголемуваат помошта за Украина, вклучително и снабдувањето со неопходни системи за воздушна одбрана и противтенковско оружје, како и финансиска и хуманитарна поддршка.