Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо денеска изјави дека наградата е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“.
Ние сме на прагот на победата и денес, повеќе од кога било, сметаме на претседателот (на САД) Доналд Трамп, народот на САД, народите во Латинска Америка и на демократските земји во светот како наши главни сојузници за постигнување слобода и демократија, објави Мачадо на платформата Икс.
Таа додаде дека Нобеловата награда за мир е поттик „да се освои слободата“.
Мачадо е лидерка на опозицијата во Венецуела, на кој и беше забрането да се кандидира на минатогодишните претседателски избори.