• Latest
Добро утро со Орданоски

Македонскиот Гарибалди

January 29, 2019
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Македонскиот Гарибалди

January 29, 2019 07:14
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]А[/dropcap]ко е за верување на „врапчињата“ од партијата, во СДСМ е веќе донесена одлуката да не се оди на вонредни парламентарни избори. Кога и како тоа ќе се соопшти е прерогатив на таа партија, но не е исклучено, од тактички политички причини, за таа објава да причекаме барем уште некоја недела.

Таквата одлука прилично ги поедноставува работите. Најголемата партија на власт, поддржана во таквите намери и од својот коалиционен партнер ДУИ, сега ќе се сосредоточи на бирање на консензуален претседателски кандидат, за што бројот на кандидати е голем и прилично квалитетен. Неколкуте струи во партијата, за сега, главно се воздржуваат од јавни некоректности по тоа прашање, пред сè од страв да не им наштетат на шансите на „својот“ кандидат (ова важи и во женско лице еднина), но и заради несомнениот авторитет на самиот Заев во партијата, кој сè уште размислува за најдобрата кадровска опција. И тоа ќе потрае уште некоја недела.

Тој „тивок оган“ на кој се пече, ја става опозицијата пред деликатен избор што да прави: да излегува или да не излегува само на претседателски избори?

Ако кандидатот на власта е консензуален (а нема зошто да не биде), тогаш кандидатот на опозицијата, извесно, ќе служи за „спотер“ за постигнување на изборниот цензус за избор на кандидатот на власта. Ако, пак, вмровците решат да излезат само во првиот круг, ќе им треба голем повод да повикаат на бојкот на вториот, повод што можеби нема реално да го имаат, па ќе треба да измислуваат изговори што ќе им го (до)уништат кредибилитетот. Доколку решат воопшто да не се појават на изборите, тогаш остануваат без каква било сериозна политичка агенда што би ги спасила од „експрес лонецот“ на комбинацијата од потполната надворешна изолација, во „содејство“ со внатрешното дораспаѓање и грдата борба за „партиските печати“.

Сепак, не би се изненадил доколку Заев им подготви и некое ново изненадување, нешто што ќе ги начека со сосема спуштен гард…

На пример, во налетот на „нобеловскиот“ порив за национално помирување, што ќе се случи доколку, по претседателските избори (на кои консензуално ќе победат), Заев му понуди на Мицкоски да делегира неколку министри во неколку важни ресори во владата којашто ќе треба да се справува со конкретните предизвици, заверени со бриселски датум, на евро-интеграциските процеси? Ако, со други зборови, наместо сега бараните парламентарни избори, со мало одлагање, му понуди на ВМРО-ДПМНЕ создавање на широка влада за евро-интеграција на Македонија?

На прв поглед, за Мицкоски тоа би бил „смртоносен“, но „заводлив бакнеж“ што ќе биде тешко да го одбие, доколку инсистира да биде минимално сериозно политички третиран. На втор поглед, тоа би можело да му ја спаси и неговата партиска кариера пред налетот на неизбежните пост-изборни внатрепартиски превирања, со можност да ја врати ВМРО-ДПМНЕ неколку чекори назад пред ужасниот поглед во длабочините на антизападниот амбис на чиј раб самите се доведоа, благодарејќи ѝ на најглупавата од сите можни политики што самите избраа да ги водат во овие историски (или пост-историски?) времиња за нацијата и државата.

Тоа Заев може комотно да си го дозволи, бидејќи во догледна перспектива навистина ги држи сите адути од шпилот во своите ракави. По успехот на Преспанскиот договор, Заев е тој што, со извесна креативност, ја контролира, барем на среден рок, судбината на политичкиот процес во државата.

Ваквиот развој на настаните навистина би му доликувал на Заев кој веќе „левитира“ над македонската национална политика како своевиден (антинационалистички) „македонски Гарибалди“, човекот кој, откако ја покори, сега и ќе ја помири македонската општествена реалност.

На оваа идеја ме поттикна настапот на Мицкоски со опсежното интервју на МТВ. Таа промашена политичка агенда, како и него самиот, навистина може само Заев, во манирот на Мајка Тереза, да ги спаси. Односно, може да се спасува ВМРО-ДПМНЕ и без Мицкоски на нејзино чело.

Така би добиле една политички стабилна, а по малку и „словенечки“ здодевна Македонија. Таман и простор за креативна трета опција!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Print Friendly, PDF & Email
Share269Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ