• Latest

Македонско ријалити шоу (прв дел)

February 9, 2019
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонско ријалити шоу (прв дел)

February 9, 2019 07:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Вовед

Никола Груевски. Сакале или не, неговото име ќе биде испишано во историјата на Македонија. Меѓу другото, како име на човек кој го сруши правниот поредок во Македонија. И како човекот кој како радиоактивно ѓубре и после три години по завршувањето на своето владение, од далечина продолжува да зрачи и труе.

Фросина Митрушева

Пред две години мислев дека го испративме Груевски владетелот во историјата и дека во најскора иднина, кога ќе заврши и приказната за Грујо криминалецот, ќе го испратиме и во заборавот.  Последниот воз го фативме, пред тој да се самопрогласи за цар (демократски, се разбира). Уф, може здив да се земе малку.

Но. Секогаш има но.

Од тогаш, па сѐ до денес, тој се претвори во најпопуларната ријалити ѕвезда во Македонија.

Прва сезона од „Македонското ријалити шоу“

Сезоната се прикажуваше под име „Грујо (редовно се појавува) во судови“.

Како и секое ријалити шоу, публиката се подели на навивачи за добриот и навивачи за лошиот. Без разлика кој за кого е добриот, а кој лошиот, се знаеше кого следат гледачите најмногу – Грујо. Досадно, ама со верна публика.

Првата сезона заврши со необичен пресврт во кој ѕвездата на серијалот беше осудена на затворска казна. Да не се лажеме, крајот беше неочекуван и изненадување и за двете навивачки групи во публиката.

Уште пресвртот асолно незапочнат, уште израдуваните гледачи недоизрадувани, натажените недонатажени, се прикажа една кратка  епизода која направи пресврт на пресвртот. Ја видовме  „Грујо избега“, како воведна епизода во втората сезона на ријалити шоуто.

Втора сезона од „Македонското ријалити шоу“

Втората сезона почна како акција (со елементи на комедија).

Прва епизода: „Ај ќе го бркаме бегалецот“. По подруми, гаражи, кровови… Коли чкрипат, специјалци претресуваат коли, станови… Мислиш (а можеби и не, ако не си баш запален навивач): „Лелеее, вака ако почна како ли ќе продолжи?!“

Веќе во втората епизода (за некои очекуван) пресврт-бегалецот се јави и се самолоцираше.

Од тогаш, за лична употреба и без преговори, јас му го сменив името во Грујазилантош, сметајќи дека е посоодветно за неговата улога во наредните епизоди. Од исти причини дел од публиката го завика Грујо Секереш. Ама ајде сега околу имињата да не се расправаме.

Е, од тој момент, се разлигави целиот серијал.

Почнаа досадните епизоди: „ Грујазилантош бега од новинар во кола со шофер“, „ Грујазилантош шета по улица“, „ Грујазилантош со другарче седи во кафана“, „ Грујазилантош на Фејсбук“, „Грујазилантош во трговски“, па пак „Грујазилантош на Фејсбук“.

Замислена како врвен дострел во сценариото, се прикажа и епизодата „Грујантилош дава интервју за реномирана независна телевизија без однапред да ги знае прашањата“.

Оваа епизода, додуша, ја подразмрда публиката. Веројатно заради провокативните прашања на врвната независна новинарка, се откри тажната вистина за јунакот. Се откри дека ѕвездата која многумина ја восприемаа како „најголемиот патриот во серијата“, спремен да гние во затвор и да изгине за татковината, всушност, имал единствена мисла водилка: Како да го спаси својот задник.

Можеби добар крај за втората сезона, ама сепак досаден. Сите се надеваа дека сезоната ќе продолжи барем со уште една акциона епизода, како логично заокружување на акциониот почеток.

И бидна и тоа.

Епизода: „Основното јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштува!“

Дали случајно или намерно, епизодата се прикажа токму на денот кога Македонија го потпиша пристапниот догoвор со НАТО.

Но, наместо (скептично) очекуваната акција, изгледавме една навистина бљувотна епизода.

Обвинителството најпосле, после три месеци, колку што траеше втората сезона, излезе со соопштение за крајните резултати од истрагата за бегството на нашата ријалити ѕвезда:

„Нема кривци за бегството на Груевски“.

Или, поинаку:

„Бегството е изведено според законите и Уставот“.

Абе дали сте нормални! Очекуваните краеви се досадни и ја разочаруваат публиката! А сите типуваа дека крајот на истрагата ќе биде баш ваков. Дури ни опклади немаше затоа што беше преизвесно.

За воља на вистината, мал заплет, обвинителството утврдило дека, и покрај тоа што бегството е изведено според закон и Устав, имало извесни пропусти во работењето на институциите.

О, не. Институциите не работат и не прават пропусти. Пропусти прават луѓето кои работат во институциите. Тие луѓе имаат име и презиме. Значи, можат да бидат идентификувани и да понесат одговорност за своите пропусти.

Имате материјал за цела нова сезона! Ќе ја проследиме утре.

(крај на првиот дел)

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share85Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ