• Latest
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025 17:54
in МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Пренесувам една вест од Загреб која веројатно никогаш нема да осамне во нашите медиуми. Во мејнстрим медиумите секако не, а и во оние другите просто не се читаат многу новости од регионот, освен ако не се од Србија.

Во сликата која е приложена ќе видите како една министерка од актуелната влада на Пленковиќ денес влезе во затворот Реметинец. На влезот им испрати бакнеж на новинарите, дел на оние кои ја открија аферата во која таа замешала прсти.

За кого се работи?

Поранешната министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот непосредно пред 22:00 часот за да ја отслужи двегодишната затворска казна за скандалот со софтверот. Нејзиниот рок беше да го стори тоа до полноќ денес, но не чекаше до последен момент за да го исполни. Всушност, требала да се јави на отслужување на казната на 6 октомври, но побарала одложување поради деловни причини. Беше одбиена, а откако се пожали, повторно беше одбиена.

Премиерот Андреј Пленковиќ, во чија влада беше министерка, денес коментираше дека „му е жал што се случи“ таа да мора да оди во затвор. Тој исто така рече дека Жалац повеќе не е член на ХДЗ.

„Таа очигледно проценила дека наместо долга судска постапка, овој вид на спогодба е подобар за неа. Штета е што се случи“, рече Пленковиќ.

Во јуни, Окружниот суд во Загреб ја осуди поранешната министерка Жалац на две години затвор за преплата за софтвер за Министерството за регионален развој и фондови (MRRFEU), кое го водеше таа. Европското јавно обвинителство (EPPO) во Загреб во тоа време извести дека пресудата е резултат на договор меѓу страните, бидејќи Жалац се изјаснила за виновна по своите обвиненија, а пред да го потпише договорот, платила 200.000 евра делумна отштета, додека правото на доверителот да бара отштета за други штети според принципот на солидарна одговорност не е исклучено.

Во септември, Жалац беше осудена на седум месеци затвор во Окружниот суд во Загреб за злоупотреба на положбата и овластувањата, односно плаќање приватни трошоци со јавни пари. И таа пресуда беше резултат на признание и спогодба со ЕКЈО, која извести дека за време на истрагата, Жалац платила повеќе од 9.700 евра целосно на име штета.

Ова се случува значи за злоупотреба на европски пари – актуелен случај и кај нас! Потоа европското обвинителство е тоа кое ја водело постапката и ја истерало до крај, односно до признание на криминалот и одредување на пониска казна од можноста во случај да се „терала правдата до крај“ за што се залагал премиерот.

Она што е битно е дека Хрватска како членка на ЕУ мора да затвора втор министер од владата на Пленковиќ, колку што јас се сеќавам (првиот беше министерот за здравство кој се уште се „фемка“ со разни правни лекови). Е како очекувате дека ВМРО – ДПМНЕ ќе сака да влеземе во ЕУ, ви се молам?

М. Д.


Преземено од Фејсбук профилот на Авторот


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

 

 

Tags: ВМРО - ДПМНЕЕУосудена хрватска министерка на казна затворХДЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ