• Latest
Војо Маневски

Малолетници

May 23, 2021
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен успех на големиот магионичар Мицко – направи да ги снема македонскиот јазик и идентитет

July 4, 2025
Владата ја прекинa постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

July 4, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицкоски размислува да ја реши демографската криза со воведување даноци за немажени и неженети лица

July 4, 2025
Фото: скриншот Х

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 4, 2025

Прв Самит ЕУ-Молдавија: Членство во Унијата и финансиска поддршка пред парламентарните избори во Молдавија

July 4, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Реален поткуп со државни пари – буџетот станува изборна алатка

July 4, 2025

Кјучук: Негирањето на геноцидот во Сребреница не смее да се толерира во ниту една демократија

July 4, 2025

Владата со препораки за заштита од топлотниот бран: Ослободување од работa бремени жени и лица постари од 60 години

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Малолетници

May 23, 2021 11:04
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Пред да започнам да ги изложувам своите мисли околу темава, морам да признам дека идејата за темата ја презедов од еден наш угледен новинар, кој веќе двапати оваа недела ја поставува како новинарско прашање на највисоките личности на владејачката партија. „Имате многу млади личности во највисоките органи на партијата, а сериозноста на темите бара седи коси и потребно искуство“. Одговорите и не можеа да бидат докрај уверливи, зошто и самите тие во политика и на одговорни функции влегоа со сличен број на години како и нивните сегашни избраници, околу триесет имаа кога станаа пратеници или министри.

Дебатата е легитимна и потребна, посебно затоа што сѐ почесто сме сведоци на изјави од типот „доаѓа до смена на генерациите во политиката“.

Сериозноста на предизвиците што се пред нашето општество и држава, секако дека бараат и знаења и мудрост. Енергијата што ја поседуваат младите е потребна, но вистинското прашање е дали е доволна.

Не се менува само генерацијата на политичари, туку се менува и светогледот и вредностите кои ги носи новата генерација.

На постарите политичари како култура на однесување и јавни манири им беше „покажување на должно почитување кон политичкиот противник во јавноста“, а во реалниот живот личната нетрпеливост, подметнувањето, па и предаторските постапки, беа често поведение на учесниците во политичкиот живот. Ова уште повеќе важеше за политичките партнери кога на нивниот заеднички пат ќе се појавеше некоја раскрсница од спротивставени интереси.

Младите политичари се од новото време. Тие имаат еден маркетиншки свет, свет на дигитална виртуелност, пропаганда и друг приватен свет во кој не ги внесуваат зборовите што на разни соопштенија и постови ги употребуваат. Можат да излеат низа квалификативи и конструкции еден за друг на говорница на социјалните мрежи, а потоа да седнат на кафе и да не споменат ништо од тоа што го кажале или напишале. Додуша и кога седат на кафе секој си гледа во својот телефон, но тоа е нивниот начин на живот и не очекуваат да ги разбереме ние постарите. Можеби затоа им се привлечни студиите по маркетинг, комуникации, консалтинг и слично, наместо економија, технологија, електроника. Филозофијата е протерана од нивниот дигитален свет.

Освен идејата за темава, морам да признам дека го позајмив и насловот. За дилемите околу моиве тези се обратив до еден мој пријател, инаку познат колумнист и писател. Добив експресен одговор во потсетување дека на таа тема пишувал уште пред триесет години.

„Македонија секогаш ја воделе малолетници е неговиот став. Ако не ми веруваш провери по колку години имале Гоце, Даме и другите наши револуционери. По 22 години или некоја година повеќе. Па ако сакаш и до антиката да скокнеме, колку години имал Александар кога тргнал светот да го освојува?“

„Втората светска војна ја воделе околу 300 членови на комунистичката партија и околу 600 младинци. Сите се родени некаде околу дваесеттите години на минатиот век. Кога дошло да се прави држава, потребни биле посериозни луѓе, па ги повикале Ченто, Шатев, Брашнаров и други кои имале и животно искуство. Е, после ги тргнале, им посметале во делењето на генералски и министерски места“, ги тврди своите ставови мојот пријател.

Ако не си уверен во моето тврдење дека нè воделе малолетници, прочитај кој ги водел успешните држави. Во Парламентот во Британија, во Домот на Лордовите, со 50 години не можеш ни советник да бидеш.

Се потсетив и на историските податоци за Титовите генерали и комесари. Сѐ се родени околу 1910 година. Не е чудно што го нарекувале „Стари“, а тој имал околу 50 години.

Па и поновата историја, во втората половина на деведесеттите ја одбележаа млади луѓе. Освен Глигоров како претседател, политичките партии ги водеа како главни протагонисти Љубчо и Бранко. А тие тогаш беа во триесеттите години од животот. Во Владата на Георгиевски, министер за трговија, па министер за финансии беше Никола Груевски, а роден е 1970 година.

Двеилјадитите имаа исклучок во Костов и Бучковски, кои за време на функцијата премиер имаа нешто над 40 години. Шекеринска која сега се повлекува како стар кадар, во својата 30 година стана вицепремиер за евроинтеграции.

Јувенализмот не смее да преовладува, е изјава на една поранешна министерка и висок партиски функционер, која сега си се врати на професурата. „Тоа може да има последици по природниот тек на смена на генерациите. Во еден момент ќе бидат политички потрошени, а се во полна животна сила. Тогаш кога ќе треба да го покажат своето политичко знаење тие ќе немаат авторитет да добијат гласови“.

Има една теза, која посетителите на странските амбасади од влијание, ја кажуваат во кулоарите, кога се спомене оваа тема. Советот на екселенциите бил да се форсираат млади луѓе, кои не се оптоварени со идеолошките сфаќања на претходниот систем, што знаат светски јазици и го разбираат начинот на размислување на успешниот свет.

Можеби советот и не е лош, само што во него е вграден интересот на нивните држави, кој не води премногу сметка за нашиот интерес. А  можеби и тие што требаше да го научат светот, не беа добри во учењето. Бргу забораваат што ги учат во светот, а веднаш се фаќаат за нашите балкански навики и марифетлаци.

Целиот тој процес досега си оди и како дополнување на послушноста во самите партии, веќе засновани на модерниот клиентелизам. Штом лидерот се зацврсти на позицијата, веднаш бара сопствен подмладок за извршување на задачите, зошто подмладок на претходникот, можеби со сомнеж ќе ги прифаќа.

Мора да се спомене и забрзаноста на политичките процеси. Тешко во политичката битка се останува неизвалкан. Затоа, лидерите се во постојана потрага по нови лица, на кои не може да им се залепи некоја хипотека. За способноста нема време за проверка.

И пак морам да се вратам на колумната на мојот пријател од пред триесет години. Во тој текст пронаоѓам една интересна реченица „знаењето се стекнува во основното образование, потоа само се складираат информации на основата што секоја личност ја стекнува во раните години“.

За крај само да споменам дека, со овој текст се обидов да ги спојам мислењата на две различни генерации јавни личности околу оваа тема на недостаток на искуство во  водењето на државните политики. Едниот со право ја поттикнува дебатата во општеството, а другиот со искуството кое го поседува ни посочува дека и традицијата ни е таква.

А кога си во средина и двете страни ти се и премногу блиску и премногу далеку. За да не остане колумнава без авторски придонес, морам да ви раскажам една вистинска случка која ја покажува оваа состојба на, ни доволно стар, а ни премногу млад.

„Во годините кога на одмор се одеше со целото потесно и пошироко семејство, па се окупираше слободната територија во шумичките околу Дојран и се кампуваше во шатори. Продукти се набавуваа на пазар или во единствената самопослуга до пазарот. Тоа за ручек, тоа за вечера и задолжителна доза на „Мастика“ како додаток при долгите шах партии. За децата некое сокче или млеко во пакување што имаше облик на пирамида.

Мојот постар братучед, на возраст од некои осумнаесет години, вистински го чувствуваше тој генерациски јаз, што те дели од децата, но не ти дава статус на возрасен.

Кога се делеше млекото или сокот тој беше престар за детски продукти, а кога во жарот на партијата шах се подаваа чашки „Мастика“, тој беше премлад за алкохол.

Според мене, таква е сликата за нашите политичари кога седнуваат на маса со разни политички играчи од сериозниот свет. За сериозни договарања и процеси се премлади и неискусни, а за инвестиција во нив се престари затоа што премногу време сѐ во домашната политика и не се корисни.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ