• Latest

Манчевски: Активно работиме на планот за борба против дезинформациите и лажните вести

October 7, 2019
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

September 18, 2025
Фото: ЦУК

Вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола во изминатото деноноќие

September 18, 2025
претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференција во Белата куќа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Федералните резерви ги намалуваат каматните стапки, предупредуваат за застојот на пазарот на трудот во САД

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Манчевски: Активно работиме на планот за борба против дезинформациите и лажните вести

October 7, 2019 17:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на втората „Тркалезна маса за лидери на високи позиции, посветена на хибридните закани поврзани со информациите“, финансирана од програмата Наука за мир и безбедност и ко-спонзорирана од Министерството за одбрана на САД.

Во наредните неколку дена во Охрид, учесниците, меѓу кои истакнати академици, правни експерти и практичари од високо ниво, ќе имаат можност да дискутираат на теми поврзани со заканите што влијаат врз политичките, територијалните и економските аспекти на една земја, преку различните информации, дезинформации, неинформирањето и медиумите, традиционалните или социјалните.

Главен предавач на настанот е господинот Марк Лајти, Директор на Секторот за комуникации при Врховниот штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE).

„Од 2016 година наваму, НАТО и Европската Унија го препознаваат спротивставувањето на хибридните закани како приоритет за соработка, и за нас како Влада претставува потврда за нашите заложби, што веќе сме дел од оваа мрежа за соработка.  Хибридните закани се разновидни и постојано се менуваат, а за справување со нив неопходна е соработка и координација меѓу многу државни институции.  Во моментов сме во фаза на дефинирање критичка инфраструктура и организирање нејзина одбрана. Нашите тимови неуморно работат со поддршка на нивните колеги од меѓународната заедница”, истакна министерот Дамјан Манчевски.

Посочувајќи го примерот на Финска која отпорноста против таканаречените „хибридни“ закани ја претвори во национален концепт, министерот Манчевски ги посочи активностите на Владата на Северна Македонија во насока на подобрување на комуникацијата и транспарентноста, што ќе доведе до побивање на лажните информации.

„Владата веќе изработи Комуникациска стратегија и Стратегија за отворени податоци, во завршна фаза се и Стратегијата за транспарентност, а активно работиме и на планот за борба со дезинформациите и лажните вести. Во однос на јакнење на капацитетите за Сајбер безбедност, за првпат изработивме Стратегија и Акциски план за Сајбер безбедност. Исто така, неопходно е континуирано да се развиваме и поддржиме квалитетно и независно новинарство, во каква било нова форма во која тоа ќе еволуира. Сепак, професионалното новинарство е во нераскинлива врска со функционирањето на демократијата“, истакна министерот Манчевски.

На тркалезната маса ќе земат учество лидери на високи позиции од над 20 држави од Европа, од Соединетите Американски Држави и од НАТО.

Тркалезната маса е во организација на Универзитетот Џорџ Мејсон (George Mason University) од САД, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“-Скопје и факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево.

Настанот се одржува во месец октомври, како месец посветен на борбата со сајбер криминалот и за јакнење на капацитетите на државите за сајбер безбедност.

Print Friendly, PDF & Email
Share55Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    192 shares
    Share 77 Tweet 48
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ