• Latest

Манчевски: Само дел од западноевропските земји имаат електронски регистар на населението каков што имаме ние

May 15, 2020
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Само дел од западноевропските земји имаат електронски регистар на населението каков што имаме ние

May 15, 2020 21:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата земја има електронскиот регистар на населението, нешто што ретко го имаат и дел од западноевропските развиени земји, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Ние го имаме активен регистарот на население, го имаме активен порталот за електронски услуги. Имавме 10.000 активни корисници пред почетокот на кризата, а откако почна кризата имаме 17.000 активни корисници. Еден милион граѓани во овој момент имаат пристап и валиден законски основ да добиваат електронски услуги преку порталот за електронски услуги, додаде вечерва Манчевски при гостување на Телевизија Телма.

Тој нагласи дека благодарение на платформа за достава на електронски услуги на граѓаните, земјава беше во можност дозволите за движење во периодот на криза да ги издава единствено и само електронски.

– Дали сте свесни дека од први овој месец имаме функционален електронски рецепт. Ова веќе функционира, не е „ЌЕ“, ова функционира. Самите хронични болни немаат потреба да одат во аптека, туку имаме изграден систем на меѓусебна електронска комуникација во која што може и друго лице да оди и да го подигне лекот, додаде Манчевски.

Тој потсети дека во време на корона кризата земјава потпиша договор со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, со што стана дел од програмата Решенија за интероперабилност на јавните администрации, бизнисот и граѓаните (ИСА).

– За да станете дел (од неа) треба да исполните одредени критериуми и услови, не ве пуштаат туку така. Тоа е иницијатива од страна на ЕУ во која што членуваат само земји членки на ЕУ и Северна Македонија и Црна Гора и никој друг што ги исполнил критериумите за интероперабилност меѓу институциите, истакна Манчевски.

Според министерот, сопствениците на големите компании можеа да издржат барем два-три месеци, имајќи ги предвид нивните финансиски резултати, и за врема на епидемијата на Ковид-19 да не ги намалат платите на вработените.

– Ако продолжи кризата понатаму, апсолутно сите треба да се соочиме со солидарност, еве почнавме лично од нас, меѓутоа не го гледаме тоа во општеството, да бидам искрен. Ние на најсилно погодените области им доделивме по 14,500 денари по вработен, тоа го добија и медиумите, рече Манчевски.

Тој посочи дека Владата донесе Уредба за намалување на кратење на платите на избрани и именувани функционери на ниво на минимална плата, но Уставниот суд ја укина оваа Уредба.

– Од свои лични и себични побуди, заради своите плати, Уставниот суд реши дека избраните и именуваните функционери не треба да имаат намалување на платите. Сега ние се уште бараме правен начин како ова да го регулираме за да биде Уредба, а во меѓувреме ги донираме нашите плати во фондот за борба со вирусот Ковид-19 до нивото на минимална плата, истакна Манчевски.

Тој нагласи дека ако продолжи економската криза ќе мора да се преземат одредени чекори и во јавниот сектор, апелирајќи до сите што имаат високи плати да ги донираат во Фондот за борба со корона вирусот.

–  Сите кои сметаат дека треба да ја покажат својата солидарност, апсолутно можат да донираат средства, потенцира Манчевски.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ