„Она што го гледаме, а јавноста е веќе свесна дека имаме одредени сигнали, е согласно препораките на здравствените работници и на Комисијата за зарезни болести дека интензитетот на вирусот стивнува. Да имавме ден два во кој што имавме зголемување на бројот на заразените, но тоа коинцидира со некои помасовни собирања односно непочитувања на мерките коишто ни се случуваа околу велигденските и првомајските празници, и тука се јавија одредени ситуации кои што денеска ете ни се случуваат… повторно ќе кажам врз основа на препораки од здравствените работници нашиот став е дека некаде во средината на јуни има шанса да се организираат фер и демократски избори, во услови на намалување на интензитетот на вирусот… “, изјави министерот за информатичко општество и администрација и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски за ТВ 24.
Тој дополни дека Комисијата за заразни болести знаат точно кои кластери се активни и затоа фокусот е кон тие места.
„Здравствените власти цело време повторуваат дека не е добро да има масовно тестирање затоа што најлошо е негативниот тест. Ќе имаме лажна информација на тој начин. Важно е да се следат кластерите и контактите и да се прават тестови онаму каде што е очекувано, а не неконтролирано да го правиме тоа. Во врска со датумот нема ништо да направиме спротивно на лекарските препораки, го предложивме 14 јуни, но ако има причина дека тогаш не е можно д асе организираат избори, нека биде друг датум. Стивнува вирусот и многу држави се спремаат за избори, но ќе мораме да се навикнеме на новите правила.“- дополни Манчевски.