• Latest

„Манџурискиот“ енергетски кандидат од Бугарија пред 15 години ја постави на глава нашата инвестициска привлечност

November 25, 2021
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Манџурискиот“ енергетски кандидат од Бугарија пред 15 години ја постави на глава нашата инвестициска привлечност

Денес, кога стравуваме од тоа дека оваа зима може да немаме доволно струја, со жалење можеме да констатираме дека една „калакурница“ која настана околу купувањето на ТЕЦ Неготино едноставно не направи жртви на трговците со увозна, скапа струја. Тоа ја направи власта целосно инертна за инвестиции во енергетиката, се додека нечии џебови се полнеа.

November 25, 2021 09:06
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Деновиве македонската јавност доби информација дека делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посетила АД ЕСМ – подружницата РЕК „Битола“ со цел: испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на постојниот енергетски капацитет. На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК „Битола“, претставниците на јапонскиот гигант, како што се посочува во соопштението, изразиле подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во земјава, односно реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката.

„Согласно податоците што ги сподели делегацијата на ’Мицубиши‘, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија. Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на ’Мицубиши‘ гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година“, велат од ЕСМ.

Оваа средба ме потсети веднаш, паралелно со силната енергетска криза која се најавува во Европа а која нема да не одмине и нас, дека Македонија можеше да добие слична инвестиција, но не на гас, туку на најубав, увозен јаглен (антрацит) од корпорацијата ЕВН на местото на постојниот РЕК Битола. Понудата беше дадена пред две дузини новинари од Македонија, кои беа во местото  Валсум во Германија, во областа на Дуизбург како гости на нашиот ЕВН. Идејата беше да се носи најкалоричниот и еколошки најчист јаглен од Јужна Америка, кој би доаѓал во солунското пристаниште и од таму преку Лерин се до термоелектраните. Проценка на инженерскиот тим, сместен во скромни бараки до тамошната термоелектрана, дека таков каков што РЕК Битола бргу ќе започне да создава проблеми.

Посетата беше токму во ера на најзаострени односи меѓу оваа австриска компанија и владата на Груевски. Oсновната причина за посетата не беше врзана за ТЕЦ Битола туку за еден друг енергетски објект – ТЕЦ Неготино, кој и тогаш и сега има идентичен статус. Тој е некаква „златна резерва“, работи на мазут а цената на мазутот не дава рационална причина термоцентралата да проработи. Во мигот прилично скока цената на увезениот киловат, па имаше идеја ТЕЦ Неготино да проработи, место да се купува енергија на пазарот.

Таквата судбина оваа термоцентрала со руска технологија  ја имаше во стартот – замислена дека ќе го напојува индустрискиот гигант „Фени“ уште во времето кога „Господ одеше по земја“, односно кога имавме на пазарот евтин мазут, таа веднаш не успеа да биде атрактивна, се додека не падна одлука на почетокот на овој век да се продава на некој странски понудувач. – инвеститор во нејзина работа, по можност на поинаков погон.

Новинарите од земјава – на некој симболичен начин – беа како купувачи кои се откажале од својот автомобил во продавница, а сега одат да го видат во – туѓа гаража! При тоа дури и немаат (друг) автомобил. Е ова е тој објект кој требаше да работи кај вас, ни беше речено, кој место да биде изграден на Вардар сега стои исправено на Рајна.

Да потсетиме дека ЕВН освен што доби (откупи) дел од некогашниот ЕСМ во областа на потрошувачката, учествуваше на конкурс на Владата на Бучковски со кој се даваше ТЕЦ Неготино. Тоа се случи пред онаа промена на власта во 2006 година, кога ЕСМ победи на тендерот. Таа требаше да вложи една милијарда евра и покрај постојниот објект (на мазут) кој би останал резерва, би изградила друг, со поинаков погон, со нови еколошки обврски и со изградба на паралелна железничка линија Солун- Дубрава за довод на суровина.

Таа централа (комбинирана гасна) требаше да има сила од 800 MW и значеше удвојување на производството на земјата (тогаш, па и сега). Но новата Влада на Груевски која дојде на моќна позиција по изборите во 2006 година го поништи тендерот. Од сегашен и тогашен аспект беше јасно дека оваа политичка промена тесно се вртеше и околу интересите некои моќни сили, некои видливи, некои невидливи, за тендерот токму за ТЕЦ Неготино!

Имено,  се говореше дека зад трката власт на тогаш новиот претседател на ВМРО ДПМНЕ – Никола Груевски и неговиот најблизок сопартиец Зоран Ставревски стои интересот на бугарска компанија која на обновениот тендер се криеше зад името на некаква канадска фирма „Тач Мекдоналдс“. која излезе нов победник. Зад оваа наводна канадска фирма, која немаше искуства со енергетика, според нејзиниот официјален сајт, стоеше некоја софиска фирма чија адреса се покажа – фалц!

Зборовите на Ставревски кој ја прогласи оваа фирма за победник  беа со оценката дека -„конзорциумот Тач – Мекдоналд понуди 62 милиони евра за акциите, и изградба на вкупен капацитет од 850 мегавати; од тоа, 500 мегавати е нов објект на јаглен и 350 мегавати е постојниот објект да се надгради и да се трансформира за да работи на гас- рече Ставревски, но говорот одекна во празно со сознанието дека се избира „манџуриски кандидат“, да искористиме актуелна политичка лексика. Компанијата никој не успеа да ја најде, а условите само 4 години да продава струја на ЕСМ, а потоа да си работи за пазар, исто така беше сомнителна – и се дава земјиште, готов објект кој би се користел а добиваш снабдувач со ограничено траење!

Впориот кандидат беше олицетворен во Медлин Олбрајт, која заедно со грчка компанија „Сенкап“ вложи повисока цена, но понуди мазут како гориво. Факт е дека нејзиното присуство – се доби впечаток – ја поттикна исто така политичката промена преку притисок на тогашната американска амбасадорка Џулијан Милованович врз НСДП да ги дадат своите седум пратеници во коалиција со асамблеата на Груевски во Парламентот. Без тие гласови немаше политичка промена а зас таа изнудена коалиција стоеше и посета кај Тито Петковски на грчките плажи од страна на амбасадорката. А зад амбасадорката? Постоеше јасен апетит. Инаку втората понуда на ЕВН беше отфрлена во стартот!

Медлин Олбрајт потоа, по отфрлувањето на нејзината понуда се боиде да купи нешто од енергетските објекти во Косово, но свати дека влегла со една нога во жива кал и побегна од тоа инвестициско подрачје. Џулијан Милованович ја однесоа некаде во некоја африканска земја а ние си го добивме двоецот Груевски – Ставревски на чело на државата, за кои чувме дека имале проблем да му објснуваат на споменатиот „манџуриски кандидат“ со бугарски пасош (!) како и тие отпаднале со понудата која ја дале.

Имено, новата министерка за економија – Вера Рафајловска (НСДП) одби да го потпише договорот со Тач – Мекдоналдс. Коалиццијата ВМРО-НСДП се растури, трет тендер немаше а ние, новинарите кои ја следевме областа енергетика, стоевме на бреговите на Рајна и гледавме во ТЕ со јапонска технологија (блокот 10). Висока 300 метри беше највисока во однос на таквите објекти во Германија. Капациотетот и беше 700 мегхавати. Не го кориостеше локалниот рудник, се увезуваше јаглен (антрацит) од преку Атлантикот, со бродови до Ротердам а од таму со речни бродови по Рајна. (Блокот 10 имал сериозен технички проблем во 2013 година!)…

Сеедно и тогаш како и сега ни беше јасно дека не можеме да побегнеме од судбината на мала, сиромашна земја која ќе мора да биде постојани жртв и на тгрговвците со струја, во чии џебови се слееа потоа огромни пари. Тоа стана главна „енергетска политика“ на режимот на Груевски, од која лесно не се бега. Промените во овие област бараат многу време.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ