Српскиот премиер Ѓуро Мацут изјави дека Србија нема да се приклучи на санкциите против Русија.
„Додека јас сум премиер, српската влада нема да се приклучи на санкциите против Русија“, рече Мацут во интервју за ТАСС, пренесуваат српските медиуми.
Тој, исто така, рече дека Србија одржува интерес за зближување со БРИКС, а развојот на односите со членовите на асоцијацијата е стратешки приоритет за републиката.
„Ние постојано се залагаме за потребата од продлабочување на соработката со нашите традиционални партнери и пријатели. Земјите од БРИКС се најважните играчи на светската сцена и развивањето силни меѓусебно корисни односи со нив е од стратешки интерес за нас“, истакна премиерот.
Мацут објасни дека во исто време, Србија „продолжува со својот пат кон членство во Европската Унија“.
Д. Т.