• Latest
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

Матурантите повторно споделувале тестови по англиски јазик и математика по Вибер, родител вербално нападнал набљудувачка

June 8, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Матурантите повторно споделувале тестови по англиски јазик и математика по Вибер, родител вербално нападнал набљудувачка

June 8, 2024 17:48
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска во изјава за медиумите истакна дека државната матура денеска во некои училишта поминала беспрекорно, но во одредени имало проблеми кои ги решавале тековно. Повторно имало споделување по вибер групи на тестовите по англиски јазик и по математика.

– Повторно имаше вибер група во која беше споделен тестот по математика во 9: 53 часот и тестот по англиски во 9:45 часот, на истиот начин како и минатиот пат кога беше споделен тестот по македонски јазик, односно празен тест кој ученикот го сликал и бара од другите членови од групите да му помогнат во одговарањето. Овој пат вибер групата англиски имаше три илјади ученици, не знам дали се сите ученици бидејќи и ние бевме дел од таа група. А групата математика околу 300-400 корисници. Не видовме одговори кои би потекнале од кај нас, нешто што е изработено од кај нас, туку на истиот начин, и овој пат беше фотографирано веднаш кога се поделени тестовите, неколку минути пред да почне испитот со таа разлика што овој пат бевме малку поостри во однос на дејствувањето. Сите ученици кои фотографиле и кои успеавме да ги лоцираме со име и презиме во вибер групата и кај кои набљудувачите најдоа телефон, беа отстранети од испитот, истакна Михајловска.

 

Информира дека имало и еден инцидент во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, каде родител на ученик кој бил отстранет од испитот заради поседување на телефон, вербално ги нападнал набљудувачките од МОН и Бирото за развој на образованието.

– Имавме и еден инцидент. Во едно училиште влезе родител кој вербално ги нападна набљудувачките кои ги отстраниле двата ученика кои користеле телефони. Побаравме интервенција од полицијата. Побарав да влезе полицијата во објектот, затоа што набљудувачките од МОН и БРО беа исплашени. Родителот е повикан во станица и ќе добие пријава за неовластено присуство во службени простории и пријава за реметење на јавниот ред и мир, соопшти Михајловска.

На прашањето како успеале учениците да внесат телефон во просторијата каде се одржувал испитот, Михајловска рече дека еден телефон оставаат, но носат уште еден телефон во џебовите.

Учениците кои денеска биле отстранети од испитот ќе имаат можност да полагаат во испитната сесија во август.

– Тие ученици паднале и денеска за нив завршил испитот, меѓутоа ќе паднат и еден куп други ученици ако препишувале затоа што тоа ќе го најдат нашите оценувачи. Не знам колку се точно, затоа што не се отворени сите материјали. Под она што ми беше јавено по телефон, знам дека имаме барем во десеттина градови интервенција и отстранување на повеќе од еден ученик во некои училишта што покажува дека на тие места не си ја завршиле сите работата. Нашите набљудувачи во исто време кога ги отстрануваа ученици, ги отстрануваа и тестаторите, рече Михајловска.

Матурантите денеска го полагаа вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по англиски јазик. Испитот по математика ќе полагаат 1356, за германски јазик биле пријавени  114, 37 за француски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат имало за руски јазик и за филозофија. Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

Tags: државна матураПолагањетестови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ