• Latest

„Медена земја“ со нови награди за најдобар документарец и за кинематографија

January 10, 2020

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Медена земја“ со нови награди за најдобар документарец и за кинематографија

January 10, 2020 10:43
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Медена земја“ деновиве во САД доби неколку нови престижни награди за најдобар документарец и за кинематографија. Тимот на македонскиот документарец ја прими наградата за најдобар документарен филм, што ја доделува најпрестижното здружение на филмски критичари во Америка – New York Film Critics Circle.

Продукцијата на филмот соопшти дека на гала вечерта што се одржала на 7 јануари, тимот на „Медена земја“ ја делел бината со светски легенди на филмот: Квентин Тарантино, Бред Пит, Мартин Скорсезе, Роберт де Ниро, Џо Пеши, Алек Болдвин, Стив Бушеми, Спајк Ли, Антонио Бандерас, Рис Витерспун, Лора Дерн и други.

„Режисерот Љубомир Стефанов во својот говор се заблагодари на здружението и ја поздрави легендарната Ејми Таубин, 80-годишната влијателна критичарка, која пишува од времето на Енди Ворхол. Таа е автор на една од најубавите рецензии за „Медена земја“ – со наслов „Рој и нежност“ (Swarm and tender), која беше објавена во „Артфорум“. Режисерката Тамара Котевска, пак, потсети колку се чини нереално да се добие ова признание и да се биде меѓу сите славни имиња после четири години поминати во шатори во Бекирлија. Таа рече и дека после сето ова тимот на филмот повторно би влегол во иста таква авантура и им порача на колегите документаристи да го сторат истото бидејќи играниот филм секогаш ќе добива инспирација од документаризмот“, наведува продукцијата.

Членови на најстарото здружение од овој тип, кое годинава по 85-ти пат доделува награди, се критичарите од: „Њујорк тајмс“, „Њујоркер“, „Индивајр“, „Ролинг стоун “, „Варајети“, „Венити фер “, „Артфорум “ и други.

Снимателите на „Медена земја“, Фејми Даут и Самир Љума, деновиве ја добија наградата „Cinema Eye Honors“ за исклучително достигнување во кинематографијата. Оваа награда се доделува за извонредност во документарните филмови и вклучува награди за дисциплини во режирање, продукција, кинематографија и монтажа. Наградите се доделуваат секој јануари во Њујорк и се одржуваат од 2011 година во Квинс.

Режисерите Котевска и Стефанов, исто така, се номинирани за наградата која ја доделува Directors Guild of America (DGA). Наградите кои ги доделува Унијата на режисери на Америка се сметаат за особено значајни предвесници на оскаровската трка.

„Медена земја“ ја доби и наградата за најдобар документарен филм која ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (НСФЦ). Меѓународното здружение на филмски критичари е организација основана во 1966 година, а наградите што ги доделува се сметаат за едни од најпрестижните во Америка. Во здружението членуваат голем дел од филмските критичари што пишуваат за медиуми како „Вол Стрит Џурнал“, „Њујоркер“, „Бостон Хералд“ и други.

Филмот е прогласен и за најдобар документарец на „Dorian Awards“  што ги доделува Здружението на ЛГБТ – критичари во САД.

„Медена земја“ е и во потесниот избор за номинација за „Оскар“, и тоа во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Номинациите со петте кандидати во игра за најпрестижната филмска награда ќе бидат соопштени в понеделник (13 јануари). Доколку „Медена земја“ добие номинации за „Оскар“ во двете категории, ќе биде прв филм од нашата земја што успеал во тоа.

Во меѓувреме документарецот повторно се прикажува во скопските кина: од вчера е на репертоарот на „Милениум“, од 13 јануари во Кинотеката, а од 16 јануари и во киното „Синеплекс“

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ