Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател и близок соработник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев, се огласи на Телеграм, повторно споменувајќи го нуклеарното оружје.
Медведев посочи дека Западот порачува дека „не смее да и се дозволи на Русија да ја добие војната“ и дека тоа значи победа за Украина.
Целта на Украина во војната веќе беше дефинирана од режимот во Киев – враќање на сите територии кои претходно и припаѓаа, односно нивно отстранување од Русија. Ова е закана за опстанокот на нашата земја и распаѓање на денешна Русија, наведува Медведев.
Тој истакна дека ова е „директна причина за примената на член 19 од Основата на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање“, сугерирајќи дека Русија ќе има право да употреби нуклеарно оружје во случај на враќање на окупираните територии на Украина.
И кој тогаш планира нуклеарен конфликт, кажете ми? Што е тоа ако не е директно предизвикување светска војна со употреба на нуклеарно оружје?, пишува Медведев.
Да ги наречеме работите со вистинско име. Западните земји го туркаат светот во глобална војна. А само целосна и конечна победа на Русија е гаранција против светски судир, заклучи тој.