Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети во интервју за Слободен печат истакна дека некои опозициски партии пред се ВМРО-ДПМНЕ ги доведуваат во заблуда граѓаните околу европската иднина на државата.
„Одредени опозициски партии особено ВМРО-ДПМНЕ ги убедуваат граѓаните дека имаат некоја формула која ќе обезбеди членство во ЕУ, без да се направат уставните измени или ќе го направат тоа на некој начин што нас не ни е познат и мислам дека тоа влијае кај граѓаните кои си велат па добро ако не мора не треба да ја голтнеме таа горка пилула, ќе го заобиколиме тоа и проблемот ќе се реши сам“ вели Мехмети.
Според него невозможно е да има напредок во евроинтеграциите без да се донесат уставните измени.