• Latest

Менаџерската етика на фирмите во услови на КОВИД-19

May 14, 2020

БДС поднесе жалба на отфрлената кривична пријава во ОЈО против Стоилковиќ за изјавата дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“

June 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Како профилот на Пентагон на X стана личен навивач на Пит Хегсет

June 16, 2025

Швајцарец измамен од таксист – од Центар до Средно Водно платил 130 евра

June 16, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните им порачаа на властите дека тие ги избираат, но и ги менуваат, помалку да се сликаат за „сработеното“, да се одмота клопчето за Кочани и да си заминат што побргу

June 16, 2025
The History of the Secret Intelligence Service (5010833921).jpg Фото: wikimedia commons

MИ6 назначи прва жена шеф во 116-годишната историја

June 16, 2025
Крешник Ајдини, граѓански протест, декември, 2014 година

Две години без Крешник

June 16, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Македонија е безбедна држава, jа намаливме стапката на криминал во државата

June 16, 2025
Одавање почит во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани / фото: ЦИВИЛ Медиа

Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат од ОЈО појаснување на обвинението

June 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на WTHR

Почина демонстрантот застрелан на протестот „Без кралеви“ во Солт Лејк Сити

June 16, 2025
Фото: МИА

Инженери на Република Македонија: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата

June 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Менаџерската етика на фирмите во услови на КОВИД-19

May 14, 2020 20:45
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ИЗЕТ ЗЕЌИРИ

Етиката претставува концепт од начела  за правилно или погрешно однесување, што ни кажува дали нашето однесување е морално или неморално, добро или лошо.  Во суштина, етиката претставува код на морални принципи и вредности со кои се регулира однесувањето на поединци или групи. Збирот на етички стандарди ни кажува што е добро, а што е лошо пред да донесеме различни одлуки во организацијата.

Менаџерската етика претставува збир на принципи, правила и стандарди, што ги водат постапките и одлуките на менаџерите и утврдуваат дали сме добри или лоши, фер или неправедни во морална смисла.

Во управувањето со различни компании, менаџерите мора да дејствуваат етички, да бидат водени од високоморални принципи и мора да бидат свесни дека имаат јавна и социјална улога. Менаџерите треба да управуваат со компанијата фер, водејќи правилно, чесно и морално, бидејќи на овој начин го поттикнуваат напорот на сите вработени за постигнување добри резултати во компанијата, а со тоа се развива чувство на задоволство во организацијата. Значи, менаџерите се најпотребни за спроведување на моралните вредности и стандарди во организацијата, затоа што преку оваа своја дејност тие се одговорни за општествената одговорност на деловното работење што тие го организираат.

Претпријатијата (фирмите) треба да се стремат кон етичност со цел да ги исполнат барањата на носителите на интереси, бидејќи носителите на интереси на организациите бараат деловноста (бизнисот) да практикува високи перформанси и општествена одговорност. Ако деловноста (бизнисот) е етички поставена, тоа влијае во подобрувањето на деловните остварувања, бидејќи етичкото однесување дава чувство на доверба, што е многу позитивно за резултатите на фирмите. Спроведувањето на деловноста (бизнисот) на етички начин, исто така, е правен услов, затоа што во водењето на бизнисот мора да се исполнуваат и правните барања, а во спротивно, менаџерите може да бидат прогласени за виновни и да се казнат.

Една причина зошто бизнис-дејностите и нивните вработени треба да дејствуваат етички е да се спречи штетата од влијанието на јавноста и за многутемина носители на интересите на корпорациите. Еден од најсилните етички принципи може да се определи многу едноставно: не прави штета. Компанијата која не ги почитува етичките принципи и стандарди ја прекршува оваа етичка заповед. Менаџерите, кои се ориентираат според етичките принципи и стандарди, мора да ги решат сите етички проблеми во врска со: начинот на кој се постапува со вработените; со начинот на утврдување на цените на производите и услугите; начинот на заштитата на животната средина; исполнувањето на социјалните одговорности и сл.

Етичките проблеми со кои се соочуваат менаџерите може да се класификуваат во четири категории: 1) проблеми со судирот на интереси; 2) проблеми со искреноста и правичноста; 3) проблеми во комуникацијата; и 4) проблеми во организациските односи. Исто така, се јавуваат проблеми меѓу организацијата и нејзините засегнати страни, како што се: акционери, вработени, потрошувачи, добавувачи, доверители, општини, Владата и сл.

Токму во услови на пандемијата од ковид-19, бизнис-дејностите имаат толку многу причини да бидат етички, меѓутоа токму во овие услови се случуваа етички проблеми во нивното водење. Мислам дека поради зголемената побарувачка на одредени артикли од страна на потрошувачите, бизнис-дејностите покажуваат желба за лична корист или дури и алчност, што претставува голем проблем во етиката. Бизнисот, понекогаш, го става личното богатење пред сите други интереси, без разлика на штетата што ќе му ја нанесе тоа на општеството. Еден менаџер или вработен кој ги става своите интереси над сè друго се нарекува етички егоист. Промовирањето на самиот себеси, со фокус на личните интереси до точка на себичност и алчност, се особини кои најлесно се детектираат кај етичкиот егоист.

Има голем број случаи кога, во време на пандемијата од ковид-19, многу бизнис-дејности покажале  тенденција да ги игнорираат етичките принципи. Но, неетичко однесување не се случило во сите компании во земјава. Дел од  компаниите, оние што се притиснати од голема конкуренција, понекогаш се впуштаат во неетички активности за да го заштитат својот профит. Ова може особено да важи за компаниите чии финансиски остварувања не се добри, оние што имаат слаби финансиски остварувања и со финансиската несигурност се посклони кон нелегални дела. Во стремежот кон почитување на етичките принципи во менаџирањето на бизнисот, требаше да интервенира државата. Во овие услови требаше, по предлог на Министерството за економија, Владата на Република Северна Македонија да донесе Одлука за замрзнување на цените на одредени артикли. Со  Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисоката трговска маржа на овие производи за трговските друштва и за трговец-поединец, која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година, кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија од корона-вирусот ковид-19. Во овие услови, многу работа требаше да има Државниот пазарен инспекторат,  бидејќи голем број граѓани  кои ќе увидеа енормно зголемување на цената на овие производи во трговските објекти требаше да го пријават тоа во Државниот пазарен инспекторат.

Мерки за етичко однесување на фирмите (претпријатијата)

Со цел успешно да се управува со деловните организации и тие да не бидат постојано соочени со етички грешки, како и да обезбедат подобар имиџ во јавноста, деловните организации мора да ја подигнат свеста за нивото на одговорност со преземање мерки и активности за етичко однесување:

– Тие мора да го почитуваат етичкиот кодекс, кој има големо значење за деловната организација, бидејќи поставува јасни насоки и принципи кон кои работниците мора да се придржуваат во својата работа. Кодексот на етика им помага на менаџерите да ги разберат проблемите поврзани со етиката и успешно да управуваат со активностите на организацијата. Етичкиот кодекс е важен зашто придонесува за разјаснување на очекувањата на организацијата од однесувањето на вработените во различни ситуации.  Етичкиот кодекс ги објаснува целта и очекувањата на организацијата, им помага на вработените да ги разликуваат етичките димензии на политиката и нејзините активности.

– Друга мерка што треба да се преземе во бизнисот е: поставување цел да се решат етичките дилеми и  изработка на етички програми кои имаат посебна улога во управувањето со деловните активности. Овие програми содржат кодови и политики кои ги водат одлуките и однесувањето во организацијата. Значи, овие служат за дизајнирање на основните правила и стандарди.

– Фирмите или претпријатијата треба да  формираат етички комитети. Во деловните организации треба да се формира комитет за етичко управување, кој ќе биде надлежен за спроведување и администрирање на програмата за етичко управување, и тој треба да се состои од директори на високи позиции во деловната организација.

– Избор на лице за одбрана на правата (правобранител/ombusperson). Институциите на Народниот правобранител, исто така, треба да бидат вклучени во деловната организација, кои имаат задача да ги следат политиките, процедурите и плановите за етичко управување, со цел да помогнат во кодификувањето на развојот на овие политики. Улогата на правобранителот би била, исто така, да ги решава етичките дилеми осврнувајќи се на етичката програма и на политиките што ги спроведува организацијата.

Фирмите (претпријатијата) мора да ги почитуваат етичките принципи во бизнисот (деловноста).

Почитување на основните принципи или стандарди во етиката. Овие морални стандарди се: корисност, индивидуално право и правичност и искреност.

  1. Пристапи за корисност. Овој принцип покажува дека за една организација етичко однесување претставува однесувањето од кое ќе имаат полза поголем број луѓе. Ова значи дека менаџерите ги ценат акциите, политиките и плановите, во однос на полезноста од нив. Менаџерите треба да ги проценат и алтернативните активности и да ја изберат оптималната алтернатива која ќе биде корисна за сите. Принципот на корисност претпоставува дека, на некој начин, е можно да се измери полезноста од даденото дејство или дејност, а од друга страна е можно да се измери и да се намали вредноста на негативниот ефект што го создава едно дејство или што може да предизвика таква активност. На пример, еден менаџер може да донесе одлука да го намали бројот на вработените во организацијата за 10 %, со цел да ја зголеми профитабилноста на организацијата, но истовремено да обезбеди работни места за оние 90 % кои остануваат во организацијата.
  2. Пристапите кон индивидуалните права индицираат дека секој има основни права што не треба да бидат ограничени. Етичкото однесување е однесување што ги почитува и ги штити индивидуалните права на луѓето. Мора да правиме разлика помеѓу правата што му се дадени на поединецот со закон и правата што му се дадени со системот на морални стандарди, бидејќи овие права се човечки или морални. На пример, право на живот, на слобода, право на третман на сите луѓе итн. Овие права се прошируваат дури и на правата на приватност, на говор, мисла, пресуда итн.
  3. Пристап до правдата. Овој принцип се заснова на пристапот според кој етичките одлуки наметнуваат фер однесување кон луѓето, без предрасуди, во согласност со утврдените правила и стандарди. На пример, ако е поднесена тужба за кражба во една деловна организација, тоа значи дека не треба да има разлика меѓу казната за управителот што се наоѓа подолго време на таква позиција и за менаџерот на продавницата, што укажува на правична поделба на одговорностите и работните места кои произлегуваат од дејствата, политиките и плановите. Врз основа на овој пристап, поединците треба да се третираат подеднакво, без разлика на индивидуалните карактеристики: етничката припадност, полот, расата и др.

Потребен е морален развој  на менаџерите

Личните вредности, карактерот и спиритуалноста имаат големо влијание врз начинот како се третираат етичките прашања и дилеми. Во различни компании има различни менаџери, со различен стадиум на морален развој, па некои резонираат на повисоко ниво, а други на пониско ниво. Според Лоренс Колберг, има шест стадиуми на морален развој и етичко резонирање на менаџерите, кои се градат уште во детството, кога основа на етичкото резонирање е егоцентричното резонирање, па до зрела возраст кога резонирањето е засновано на принципи. Кај поголемиот број луѓе, градењето на овие принципи почнува во стадиум еден, па се движи полека нагоре, градејќи ги своите морални сфаќања при донесувањето на одлуките. Неодамна, едно истражување покажа дека вообичаено повеќето менаџери се потпираат на критериумите на резонирање карактеристични  за третата и за четвртата фаза (раната возраст, адолесценцијата и полнолетството), иако некои ги спорат овие резултати и велат дека се малку претерани.

Моралниот развој и моралното резонирање на менаџерот се пресудни за компанијата, бидејќи неговите одлуки имаат ефект врз политиките на компанијата, а влијаат на процесите и политиките и надвор од компанијата.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    496 shares
    Share 198 Tweet 124
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    222 shares
    Share 89 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ