• Latest

Меркел за премиер

October 14, 2019
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Меркел за премиер

Место пред самиот крај од својата вонредна кариера да си почине од децениските стресови и премрежија, највилјателната европска дама без комплекс се з`гна да коленичи пред оној надуенко Макрон кој претендира да и го земе приматот во ЕУ.

October 14, 2019 12:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Најуспешната политичарка и воопшто најуспешниот европски и не само европски политичар во изминатата декада, германската канцеларка, германската премиерка Ангела Меркел, си ја спакува торбичката, си ги обу чевлите, си ја преметна наметката, воздивна длабоко и ја тресна вратата од својот кабинет во Берлин. Замина за Париз за повторно да одработи нешто за нас некадарните.

Место пред самиот крај од својата вонредна кариера да си почине од децениските стресови и премрежија, највилјателната европска дама без комплекс се з`гна да коленичи пред оној надуенко Макрон кој претендира да и го земе приматот во ЕУ. Таа да го моли да не го тупи повеќе со нас балканците, туку како и сите други од друштвото, да крене и тој рака за нашиот европски старт.

Наместо самите ние, еве таа, германската канцеларка, го оди нашиот пат. По деценија ипол во место, таа да го поттурне и овој некадарен балкански корнер. И сите нас во него. Од прв до последен. И државава и сите во неа кои три цели децении дозволуваме нашите неизживани, алчни и криминогени политички експоненти да не`корумпираат и да не`владеат, да не`крадат, осиромашат и опустошуваат и да не`иселуваат и раселуваат.

Евроатланскиот избор е нели нашиот избор. И германската премиерка, токму поради таа наша стратегиска определба, ни помогна или не`принуди, сеедно, да исчекориме храбро и во спорот со јужнбот сосед и така да ја тргнеме нашата најголемата интеграциска пречка. На двапати, на свој трошок, дури и Прибе ни го праќаше. А од нас, пак ништо. Практично не решивме ниту една равенка од задачите што и тој ни ги нацрта. Само ветувања, само празни ветувања. Од реформите ништо. Нула.

Нула во админстрацијата, нула во судството, нула со институциите, минус  во здтравството, минус во образованието. По сите линии и натаму сме на најниските европски вредносни скалила. И згора, безобразно си тврдиме дека сме ја заслужиле Европа ама она младо галско петле неправедно не`блокотра.

А Меркeл, таа Ангела Меркел и така и така, нели, догодина или наредната заминува во политичка пензија. Ете можност, наместо по светот да коленичи за нас, да се обидеме да си ја прибереме овде за премиер. Макар на година, две.

На брзина малку да не`потспастри. Онака, по германски.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ