Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој на настанот за закројување на лозјата што денеска се организираше во Кавадарци по повод празникот Свети Трифун – Денот на лозарите присуствуваше како претставник на Владата, упати остри критики на контроверзниот политички говор на владиката Агатангел, кој на настанот беше во придружба на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Милевски ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека „си направиле партиски собир од традиционалната манифестација во Кавадарци по повод Свети Трифун
„Жалам што оваа манифестација во Кавадарци во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што еден владика од името на Агатангел се сведе на толку ниски граници, ја извалка мантијата, навредувајќи ги еден голем дел од македонските граѓани и повеќе прави срам на Црквата отколку што самиот си прави срам за себеси“, изјави Милевски.
Владиката Агатангел одржа политички говор во кој ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „најголемата и најсветата партија“ и рече дека верува во помош од Бога и Богородица за Мицкоски , кого го нарече „ нашиот претседател“ , да го врати она што е свето и македонского и го благослови лидерот на опозицијата .
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски пак, за говорот на Агатангел изјави дека не смета дека е потпалувачки, туку дека е достоинствен затоа што ги рефлектира националните интереси, при што повикува на обединување отколку националните интереси.