„Поминаа 19 дена од неуспешниот референдум што го организираше власта и на кој што народот јасно се изјасни дека нема одлука која што дава мандат во уставни измени. Власта одолговлекува со гласањето… Владејачкото мнозинство е свесно дека поважни ни е волјата на народот отколку притисоците што доаѓаат од власта. Бараме од господинот Талат Џафери без дополнително одлагање да ја стави точката на изјаснување, да имаме гласање и да види владејачкото мнозинство дека нема да има двотретинско мнозинство и дека нема услови да покрене иницијатива за уставните измени“, изјави Атонијо Милошoски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, непосредно пред продолжувањето на седницата.
Седницата поради недостиг на пратеници од ДУИ, но и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што провериле што се случува и заминале, беше презакажана за 15 часот.
Сè уште останува неизвесноста дали претседателот на Собранието ќе предложи да се премине на гласање или ќе продолжат расправата за владиниот предлог за уставни промени.
Б. Ј.