• Latest

Министерката за финансии и гувернерката на НБ на Годишните средби на ММФ и Светска банка

October 17, 2019

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Министерката за финансии и гувернерката на НБ на Годишните средби на ММФ и Светска банка

October 17, 2019 09:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација предводена од министерката за финансии, Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светскатa банка (СБ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции, информира Министерството за финансии.

Закажани се одделни состаноци на делегацијата со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршниот директор на ММФ задолжен за Конституенцата во којашто членува нашата земја, Антони де Ланој и неговиот заменик, Ричард Дорнбош, како и со вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и со шефицата на мисијата на ММФ за Република Северна Македонија, Берглјот Бјорнсон Баркбу. Се очекува дека на овие состаноци, акцентот ќе биде ставен и на монетарната политика, економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка, како и на состојбите во банкарскиот сектор кај нас.

Постигнатите резултати од досегашната успешна соработка меѓу Народната банка и ММФ, подетално ќе бидат анализирани на состаноците коишто гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе ги оствари со раководителите на неколку дирекции на оваа меѓународна организација, вклучително и дирекциите за статистика, за монетарни и капитални пазари и за фискални прашања. На нив ќе продолжат веќе започнатите дискусии во врска со можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење.

Предвидено е делегацијата да оствари состаноци и со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Мулер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, како со извршниот директор на СБ за Конституенцата во којашто членува нашава земја, Кун Дависе. На овие состаноци ќе се говори и за финансискиот и банкарскиот систем, како и воопшто за финансиската стабилност на нашата земја.

Гувернерката  на Народната банка и министерката за финансии ќе остварат средби и со потпретседателката на ИФЦ за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер и со потпретседателот на ЕИБ, Андре Мекдовел. На средбата со Мекдовел се очекува дека ќе се дискутира и за остварувањето на зацртаното во меморандумот за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитната активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, којшто беше склучен во април годинава, во рамки на Пролетните средби на ММФ и СБ.

Како претставник на шесте земји од регионот коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија, во рамки на средбите во Вашингтон, Ангеловска-Бежоска ќе учествува и на состанок на надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2.

Годишните средби на ММФ и СБ се одржуваат секоја година и на нив учествуваат гувернерите на централните банки и министрите за финансии на земјите членки. Редовно, во дискусиите на средбите, акцентот е ставен на актуелните случувања во светската економија и на важни теми како што се поттикнувањето на економскиот раст, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето одржлив и инклузивен економски развој за сите целни групи во општеството.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ